Ајде Сите Во Барселона!

Доколку сакате да заминете на патување, а не знаете каде, не двоумете се повеќе и одберете ја познатата Барселона која во последно е една од најпопуларните туристички атракции во светот.

barcelona-178443

 

Не само што ќе ве освои со својата убавина, може да се пофали и со фантастичната храна, најдобрите ноќни клубови, ресторани и голем број на светски атракции кои се бесплатни за посета.

Едно од тие атракции е паркот Гуел,  кој доколку не го посетите и не се воодушевите од работата на Антонио Гауди исто како да не сте ја посетиле Барселона.

ajde-site-vo-barselona-1

Овој јавен парк бил изграден според желбата на архитектот да ги следи соништата и преку своето дело да допри до милион срца ширум светот и да ги шармира луѓето конструирајќи нешто уникатно.

Делата на познатиот архитектот ја вклучуваат и голема црква, Ла Саграда фамилија, која е се уште во изградба дури и 90 години по неговата смрт.

Неговата работа исто така вклучува столбови и мозаици кои ќе ве натераат да останете со отворена уста, а спаѓаат во ремек дела кои заслужувате да ги видите барем еднаш во животот.

Ова парче рај на Земјата ќе биде рај за вашите очи, кој ќе ве натера да ги спаковате куферите уште денес и да ги посетите следните места во оваа прекрасна земја.

barcelona banner text

Изгубете се во El Born & El Gotico

Ова е една од најстарите и најубавите улици во Европа во која несомнено ќе се изгубите, без разлика дали сте турист или живеете таму со години.

Малите кафулиња, барови и продавници му даваат шмек на целата улица и ја прават одлично место за уживање иако сте загубени во неа.

ajde-site-vo-barselona-2
Палми, Музика, Врвни Ресторани и топ провод ќе најдете на Placa Reial
Placa Reial e убав кварт кој мора да го посетите доколку сакате да го вдишите традиционалниот воздух во Барселона.
Жителите тука најчесто може да ги најдете околу фонтаните со пиво во рака, па затоа не чудете се доколку и вас ви се направи ќеифот за една таква улична седенка уживајќи во атмосферата.
ajde-site-vo-barselona-3placa-reial
Испружете се, со коктел во рака на една од познатите плажи во Барселона
Барселонета е само една од тие плажи која е позната ширум светот по својата убавина, чиста вода и добри журки, како преку ден, така и навечер.
Верувајте, ќе зажалите доколку не ја посетите барем еднаш додека сте во Барселона!
ajde-site-vo-barselona-4
 Избегајте на Stiges за парче мир
Доколку ви здосади сета забава во Барселона избегајте во местото Stiges кое се наоѓа само на 20 минути од неа.
ajde-site-vo-barselona-5ajde-site-vo-barselona-6
До него може да дојдете со метро и да уживате во мирната вибрација на местото. Ако сте за парче мир, верувајте ова е вистинското место кое треба да го посетите на крајот од патувањето.
Посетено 1.000 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!