А СЕ ЗАРАДИ ЕДНА НИМФОМАНКА

3 саат сабајле.kluc i brava_majkatiitatkoti

Отклучувам, тивко влегувам да не ги разбудам комшиите
иако не ми е јасна таа потреба да се спие во ова време
кое е најубав дел од денот, т.е. ноќта
Се спремам да заклучам од внатрешна
страна и тогаш клучот тивко ми прозборува
„те молам не ме оставај кај оваа нимфоманкава цела ноќ“
„која бе нимфоманка?“ – збунето го прашувам
„па бравата“
„бравата е нимфоманка?.. па не сум знаел“
„да бе, душата ми ја вади по цели ноќи“
„е како не, ти нешто трипаш“
„трипам а?..ај нека ти текне колку
клучеви ти се скршиле на оваа брава?“
„што знам, едно 20 минимум“
„ете гледаш, коските ни ги крши оваа,
маста ни ја вади душата ни ја..заборавиви што“
„добро, само да заклучам и одма те вадам“
Така и направив, идам ви кујна си правам сендвич
и го гледам клучот, изгребан и со лузни, жал ми падна
„ти сакаш нешто за јадење?“ –го прашувам
„не фала, само подмачкај ме, целиот сум зарѓал“
„немам такво специјално уље, може со путер од кикирики?“
„ма сеедно“
Го намачкав, го ставив на чинија до сендвичот
и седнав пред телевизор
да го гледам новото ремек-дело на
македонската кинематографија
„Борба на титаните во долината на Маркова Река“
Толку добар филм, полн со страдања и емоции
што го гледам без да трепнам.
Ама тука се заебав, по грешка го голтнав клучот,
значи не ми се верува колку сум смотан,
ама тоа е, ќе се снаоѓам сабајле.
Се будам во паника, каснам за пилатес,
трчам право во ВЦ ама клучот го нема,
или му се уарнило да ми шета по цревава
или го стопиле киселините?!
Ама што е – тоа а,
се мислам како да искочам,
стварно не ми е јасно,
високо е да рипам од прозор,
ај ќе ја замолам бравата некако со фино
„ај те молам отвори се, итно ми е“- најкултурно ја замолувам
„па отклучи“ – дрско ми одговара
„Немам клуч, го изедов по грешка“
„аха, е па стави го во мене“
„што да ставам?“
„ај не ме терај да бидам вулгарна,си знаеш што“
„сакаш да кажеш треба да те ебам
за да искочам од дома?“
„Да“
„па добро кога се мора“ – се помирувам со фактот
Нема потреба да објаснувам дека сум немал
поболна епизода во мојот сексуален живот
После неко време бравата ми вика:
„Само немој да сврш……штооо, сврши во мене?.. кретену еден“
„се заглавив, извини, не можев да го извадам на време“
„е па сега никогаш нема да отвориш“ – бесно ми се обраќа
„зошто?“
„па цел механизам ќе се залепи и толку, ќе се заглавам“
„ма кој те ебе, и онака само лоши работи слушнав за тебе,
кај и да е денес ќе те сменам,ти отиде во историја“
-ми пука филм на крај
Бравава почна да плаче, да ме моли ама не ја ни слушам,
се мислам како да искочам
Ми текна, направив мал пожар и се јавувавам во противпожарна,
они треба да дојдат и сигурно ќе ја развалат вратата
Тууу зафатено… пак вртам пак зафатено и така пола саат
Веќе нема кај да бегам, сега цел стан гори
па се пикнав во када и ја наполнив со вода
Добро е, само водава некако брзо се загрева,
почнаа и меурчиња да искачаат
а и кожава ме пече и целата е со болни пликови.
Нешто не иде на арно работава,
а се ради една железна нимфоманка

Посетено 2.349 пати