9 Работи Кои Момчето Може Да Ги Направи И Се Поинтимни Од “Те Сакам”

tumblr_njd2baq84U1rhy30yo1_1280[fblike]

Блискоста е убава работа. Не само поради тоа што ни овозможува да се чувствуваме убаво- тоа е веќе сигурно- туку и поради тоа што е неверојатно тешко да се дојде до такво нешто.
Сметам дека вообичаено мажите се оние кои имаат најголем проблем со блискоста. Повеќето од нас не разбираат што е она што жените го сметаат за блискост.
Интимноста е интимност само кога и двете страни го чувствуваат тоа. Мажите се позатворени во споредба со жените и токму поради тоа тие не ја доживуваат интимноста на исто ниво како и жените.
Се разбира, ова важи се додека самите не си дозволат да се отворат и да станат полесно ранливи.
На крајот на краиштата, тоа е она што претставува блискоста… да бидете заедно на исто место место и во исто време, без да криете било што еден од друг. Да и дозволите на личноста која ве сака да ве разбере на начинот на кој вие самите се разбирате себе.
За нешто што е толку длабоко и искрено не се доволни само два збора. Зборовите “Те сакам” и не се толку многу интимни. Но следниве 9 работи со сигурност се:
1. Подгответе и вечера
Како прво, сите мажи треба да знаат да готват. Не морате да бидете професионален готвач, но сепак треба да сте способни да преживеете без да порачувате храна.
Готвењето за себе е многу поздрав начин на живот, готвењето пак за жена е едноставно секси и да не спомнуваме, поинтимно е.
Поставете ја масата, запалете свеќи, а можете и да пуштите некоја романтична музика во позадина. Потоа, направете го она што луѓето го прават со векови- нахранете ја вашата партнерка, не буквално… иако и тоа би можело да биде забавно.

2. Заедно гледајте во ѕвездите
Признавам дека ова ми е омилено, најповеќе поради тоа што долгото гледање во ѕвездите знае неверојатно да ме успокои. Кога пак имате покрај себе некој кој го сакате, тогаш тоа го прави целото искуство уште повеќе интимно.
Можете да лежете во ливадата и да уживате ноќта, гледајќи во ѕвездите. Има нешто магично во тоа лежење на земјата и дозволување да потонете во бесконечноста на просторот.
Прави да се чувствувате поприземени, да сте поприсутни и да имате поголемо разбирање за тоа колку сте всушност мали. Што би можело да биде поинтимно од тоа да сте сосема незначаен мал дел заедно со личноста која ја сакате најмногу на светот?

3. Патувајте на неодредена дестинација
Доколку немате автомобил- изнајмете и тргнете веднаш. Не мора да бидет тоа долго патување, иако е препорачливо барем еднаш во животот да одите на едно такво подолго патување. Патувањата се истовремено прекрасни и ве зближуваат.
Генерално гледано, заедничкото патување е секогаш одлично искуство за љубовните врски- ви овозможува да се опуштите и подобро да се запознаете меѓусебно.
Патувањата со автомобил ви дозволуваат да направите безброј паузи и да создадете безброј спомени кои ќе ве придружуваат во животот.

4. Дадете и клуч од вашиот стан и ослободете и неколку фиоки
Ова секогаш претставува интимен момент, бидејќи во тој момент истовремено мажот сфаќа дека тој всушност размислува да го помине животот со неа и жената сфаќа дека тој е заинтересиран за долгото животно патување.
Клучот од вашиот стан и неколкуте фиоки во вашиот плакар се навистина значајни за жената, за неа тоа не е само место каде што ќе може да преспие или да ги смести своите работи.
Од нејзина гледна точка, мажот покажува дека тој е подготвен да даде без да бара нешто за возврат, тој е подготвен да се жртвува за да ги задоволи нејзините потреби.

5. Заштитете ја кога тоа и е потребно
Да бидам јасен, постојат голем број на жени кои можат да се заштитат самите себе, исто како што постојат голем број на мажи кои не можат.
Секако, таа може да се справи и самата, но сепак очекува вие да се борите за неа. Вие сте заедно и дури и ако е потребно да се борите, вие сепак ќе успеете само заедно.
Моментот кога ќе сфатите дека личноста што ја сакате е подготвена да се изложи на опасност само за да ве заштити е истиот оној момент кога ја сфаќате и вистинската природа на љубовта.

6. Бидете покрај неа дури и кога знаете дека ќе се разболите од неа
Интимноста не е само за најубавите моменти во животот. Туку и за моменти кога таа цела ноќ се препотува, кога кашла, и тече носот, целото лице и е подувано и има некои ставови кои ве излудуваат.
Да ја штитите вашата жена од зло е една работа, а друго е да и помогнете да си го врати здравјето и да ја совлада болеста. И повторно, го ризикувате вашето здравје за да и помогнете на жената која ја сакате.
Овие моменти се интимни бидејќи ви дозволуваат да ги запознаете вашите пертнерки во најлошото светло, во моменти кога се најчувствителни. Од друга страна пак, тие на вас гледаат како на силни и грижливи мажи.

7. Изградете блиски врски со нејзините родители
Празниците се совршено време за да меѓусебно се запознаете со семејствата. Тоа се посебни моменти во нашите животи бидејќи вообичаено создаваат најживописни сеќавања. Традицијата која ја споделуваме со луѓето кои најмногу ги сакаме претставува голем дел од нашиот живот.
Славењето на празниците заедно со жената која ја сакате значи дека сте подготвени да започнете своја традиција, заедно. Тоа е исто како да велите ‘Јас те сакам толку многу што сакам да се запознаеме со нашите семејства’.
Донесете ја во вашиот дом за еден празник, одете кај нејзините родители следниот празник. Започнете ваша заедничка традиција- вие градите нов живот, па затоа создадете традиции кои ќе ги негувате.

8. Планирајте ја иднината заедно
Можете да и кажувате ‘Те сакам колку’ и да посакате, но единственото нешто кое ќе ја убеди во тоа е моментот откако ќе ја вклучите во вашите планови.
Колку подалеку за иднината зборувате, толку таа посериозно ќе ве сфати. Доколку навистина се сакате, тоа ќе биде поинтимно отколку што можете да си замислите.
Таа бара одреден вид на сигурност дека вие сеуште сакате да го поминете животот заедно.
Колку посериозна е врската, толку повеќе можете да планирате. На крај, ако се оди добро, вие ќе го планирате и денот на вашата свадба.

9. Бидете тука за неа, секој ден од остатокот на вашиот живот
Зборовите се само зборови. Луѓето постојано кажуваат некои работи. Ветуваме. Лажеме. Се премислуваме. Луѓето во најголем дел се доста непостојани.
Не е нужно блискоста да се искажува во секој миг, таа не е ниту некој голем гест.
Најинтимните моменти во животот се оние за кои се потребни години и години за да се развијат, да се изградат и да се разберат.
Најинтимниот момент кој двајцата би можеле да го споделите е моментот кога гледате во животот кој заедно сте го создале и им се заблагодарувате на вашите среќни ѕвезди кои успеале, во целиот овој хаос од милиони луѓе, да ве пронајдат токму вас двајца и да направат да се вљубите.
Посетено 5.103 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!