9 причини зошто следењето на вашата интуиција ќе ви го покаже патот до среќата

Не е тешко да пронајдете причина за да кажете ‘не’. Кога можноста ќе ни тропне на врата, ние често велиме дека не сме подготвени, дека не е вистинското време и дека не можеме да го направиме тоа.
9pricini[fblike]
Ние учиме да му веруваме на овој глас и со текот на времето овој глас го чувствуваме како наш пријател. Сепак, велењето ‘не’ бидејќи не сме подготвени не лишува од бескрајните потенцијални искуства.
Правењето на нешто за кое не сме подготвени бара храброст, бидејќи нашиот инстинкт е да го избегнуваме непријатното чувство, а да го величиме пријатното. Оваа идеја како предизвик може да доведе до неверојатни резултати и можеби дури и целосно да го смените вашиот начин на живот. Еве зошто е тоа така:
1. Возбудливо е
Слични вакви ситуации често можат да предизвикаат вознемиреност и возбуда, овие две емоции се како брат и сестра.
Доколку на непознатото му пристапите со позитивен став, она што може да ве вознемири, може истовремено и да ве возбуди.
Чувството е слично како да се возите на луда железница, се искачувате кон врвот, а не можете јасно да ја видите патеката пред вас.
2. Ќе научите повеќе за самите себе
Постојано ќе ви се врти следново во главата-  ‘токму начинот на кој се справувате со тешкотиите, ќе ви покаже какви сте всушност’.
Без разлика на тоа што ќе се случи, вие секогаш ќе се потпирате на фактот дека откако се ќе се заврши, вие ќе се познавате подобро и ќе бидете многу повеќе подготвени за она што следува.

3. Привлечно е
Самите се условуваме да мислиме дека безбедниот избор е вистински избор. Довербата е основна кога опишуваме што не привлекува, но сепак довербата е неспоредлива со храброста.
Луѓето од сите сфери на вашиот живот ќе зборуваат на вашата храброст за правењето на нешто за кое не сте подготвени.

4. Можете да откриете нешто ново
Индиректно, правењето на нешто пред да сте подготвени значи дека не знаете што следува. Кога ќе се откажеме од потребата да ги контролираме сите аспекти од нашите животи, ние сме многу повеќе отворени за нови искуства.
Да претпоставиме дека сакате да се преселите во друга држава. Вие можете да ја знаете вашата адреса, вашите пресметани трошоци и дури можеби и малку за културата на соседството.
Но не можете да знаете се се додека не пристигнете на самото место. Единствениот начин да знаете нешто со апсолутна сигурност е да го доживеете истото лично.

5. Ќе го откриете целиот ваш потенцијал
Нешто посебно се случува кога ќе се спротивставите на поривот да играте безбедно. Кога еднаш ќе донесете храбра одлука од која нема враќање, целото ваше тело се подготвува за тој момент.
Во непозната ситуација, вашето тело ќе се прилагоди да преживее и вие ќе можете да правите работи за кои мислевте дека не е можно да ги направите.
Во однос на креативноста, продуктивноста и свеста, вие ќе имате поисполнет живот доколку одлуките ги донесувате објективно, пред да размислите за тоа колку сте емоционално, физички и духовно подготвени.

6. Ве потсетува на она што е важно
Осцилациите на вашето ниво на авантуризам со сигурност ќе предизвикаат и подеми и падови. Понекогаш напуштањето на вашиот комфорт ќе ви помогне да ја цените големата замисла.
Сосема е нормално да се чувствувате изгубено, тоа ќе ве потсети што ви е важно во животот.
Правењето на работи кои не се својствени за нас секогаш ќе фрли малку светло на фактот дека често се сфаќаме себе си премногу сериозно. Позитивниот пристап кон животот е исто толку важен колку и практичниот.

7. Ќе бидете во добро друштво
Големите мислители и авантуристи низ историјата зборувале за значајноста да ‘скокнете пред да погледнете’.
Успешните луѓе стануваа успешни бидејќи импулсивно ги донесуваат одлуките и не се плашат дека ќе доживеат неуспех.
Повеќето прават тоа да изгледа лесно, но сепак секоја личност која доживеала успех, дејствувала и била во право тогаш кога вие сте стоеле во место.

8. Можеби ќе инспирирате некој друг да го направи истото
Животот е тежок за секој поединец поради различни, сложени причини. Секој од нас е на свое патување кое е независно од потребите и желбите на општеството.
А сепак, нашите патишта постојано се вкрстуваат, понекогаш дури и самите ние не сме свесни за тоа.
Ако сте храбри и успевате да му одолеете на искушението да донесувате само одлуки кои се безбедни, можно е да инспирирате и некој друг во вашиот живот, токму оној со кој што во тој момент ви се вкрстиле патиштата.

9. Не постои такво нешто како ’нема враќање назад’
Не морате толку буквално да го сфатите она ‘скокнете пред да погледнете’. Секој човек е различен . секој човек има свое искуство кое било моделирано како резултат на специфичните околности во неговиот живот.
Тој скок може да значи купување на билет во еден правец за друга земја, или пак едноставно само одлучување да поздравите некој.
Кога правите избори, обидете се да им пристапите со чувство на објективност. Не потпирајте се исклучиво само на вашата интуиција, бидејќи понекогаш и таа знае да ве излаже. Понекогаш е потебно да кажете ‘да’ без да сте сигурни, без да имате план и без да сте подготвени.
Посетено 1.853 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!