7 причини за патување

7-pricini-za-patuvanje_image

Неколку начини на кои патувањата влијаат врз здравјето, научно потврдени
Патувањето не само што е душевна храна, туку тоа позитивно влијае врз здравјето. За ова можеби не се потребни особени докази и истражувања, но тие секако постојат, и тоа во голем број. Сите тие се задржуваат на здравствените придобивки од патувањето, а останатото го знае секој оној што сака да патува – возбудата од откривање нови места и запознавање нови луѓе и култури. Патувањата имаат моќ да ве трансформираат како личност, ве учат како да го цените моментот и да уживате во секое ново искуство. Не попусто е кажано дека светот е книга, а оној кој не патува чита само една страница. Во продолжение, прочитајте седум начини кои што позитивно влијаат врз здравјето и се научно потврдени.
„Живеењето одреден период во друга земја ја зголемува способноста на мозокот брзо да се прилагодува од една на друга идеја, што е главна одлика на креативноста“

1. Патувањето ја поттикнува креативноста
Според истражувањето на проф. Адам Галински, оние кои што живеле одреден период во друга земја, се покреативни. Тој истакнува дека да се биде турист не е доволно, што со други зборови би значело дека за да се биде покреативен е потребно повеќе од летен одмор. Новите звуци, мирисите, нов непознат јазик, вкус, нови сензации и слики, ги осветлуваат, односно ангажираат различни синапси во мозокот. „Искуствата во странство ја зголемуваат когнитивната флексибилност и длабочина, како и способноста за подлабоко поврзување на различни форми“, вели проф. Галински. Когнитивна флексибилност е способноста на мозокот брзо да „скокне“ помеѓу неколку различни идеи, што е главна одлика на креативноста.
2. Ја зголемува самодовербата и независноста
Патувањето влијае врз комуникацијата и начинот на кој остваруваме интеракција со луѓето. Според една студија, патувачите повеќе сакаат да се во друштво отколку сами. Исто така, патувањето ве прави поотворени за интересни искуства, бидејќи запознавањето нови луѓе и откривање нови места, ја поттикнува љубопитноста и потрагата по нови искуства.
3. Буквално ја подобрува работата на мозокот
Необичните ситуации кои што бараат снаодливост и брзи одлуки, позитивно делуваат врз мозокот, според едно ново истражување. Новите искуства го подобруваат когнитивното здравје, бидејќи кога се наоѓаме на непознато место и сме во непознати ситуации, мозокот формира нови врски кои што ќе сака да ги категоризира.
4. Ве прави похрабри

Дознајте ги останатите причини за патување
595x90

(Посетено 164 пати, 1 денес)
Pharmanews.mk
Автор
Pharmanews.mk е портал кој обработува поширока тематика во доменот на медицина, фармација, исхрана и сл. и е наменет за широка публика која се интересира за своето здравје и исхрана со посебен фокус на медицинските работници.

Поврзани Статии

Оставете одговор

*