7 Дневни Навики Кои Ќе Ви Ја Зголемат Силата И Самодовербата

[fblike]7-dnevni-naviki-koi-ke-vi-ja-zgolemat-silata-i-samodoverbata-1
Она што го правиме постојано, не одразува какви сме навистина, рекол Аристотел.
Тоа значи дека вашите дневни навики го одредуваат текот на вашиот ден, деновите текот на вашиот живот, а вашиот живот вас како личност со сила и самодоверба.
Доколку сакате да ја зголемите таа сила и самодоверба, ова се 7 дневни навики кои ќе ви помогнат во тоа:
1. Медитирајте
Медитацијата е многу важна навика која влијае врз вашата психа и внатрешен мир.
Медитирајте барем еднаш во текот на денот по еден час, разликата во самодовербата и силата ќе ја воочите за брзо.

2. Хранете се правилно и здраво
Доколку не се храните три пати дневно минимум, доколку го прескокнувате појадокот или вечерата, ќе се чувствувате уморно, неволно и постојано ќе мислите на храна, наместо на вашата сила и како да ја искористите.
Силата доаѓа од исхраната, а доколку таа е правилно внесена и здрава, ќе се одрази врз вас и вашиот живот.
Ќе имате подобар метаболизам кој ќе ви даде сила, а силата ќе ви даде поголема самодоверба.

3. Спијте доволно
Ниту повеќе, ниту помалку, спијте 8 часа во текот на ноќта бидејќи доколку спиете претерано ќе се чувствувате уморно, а доколку спиете помалку од тоа што го бара огранизмот повторно ќе се чувствувате уморно.
Еликсирот на силата и самодовербата пред се е добриот сон.

4. Фокусирајте се на важното
Не запоставувајте ги важните работи и обврски со причина дека треба да ги завршите прво неважните, а потоа да се фокусирате целосно на важните.
Така само ќе изгубите на енергија и време правејќи нешто што не го сакате, прво направете се што ви е важно, останатото завршете го кога ќе имате време.

5. Будете се со насмевка
Тоа многу ќе смени во вашето расположение и тек на денот, а денот во вашиот живот и повторно на крај животот ќе ве отсликува вас.
Затоа направете добра фотографија со вашата убава насмевка наутро, верувајте ќе се чувствувате посамоуверено и посилно да направите се што посакувате тој ден и секој нареден во кој ќе се разбудите со насмевка.

6. Посветувајте една минута за себе
Без разлика колку и да сте зафатени, секогаш во текот на денот посветувајте барем една минута за себе, што би рекол Спенсер Џонсон.
На душата му е потребен одмор и осознавање постојано, давајте му го за таа да ви даде сила и самодоверба секогаш кога ќе побарате тоа од неа.

7. Останете креативни
Тешко е да останеш креативен во овој некреативен свет, со личностите кои те опкружуваат постојано и околностите кои често не те оставаат да бидеш креативен.
Игнорирајте ги личностите кои ви го попречуваат тоа, креирајте сопствени околности и останете креативни, бидејќи со тоа ќе креирате ремек дела за кои сте способни да ги креирате само вие.
Тоа се секако ќе допридонесе до кревање на вашата самодоверба до небо и сила да направите се што сте посакувале отсекогаш.
Посетено 2.734 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!