6 начини да си заминете од некој за кој мислевте дека никогаш нема да го оставите

par-naslovna_majkatiitatkoti[fblike]
Кога ќе сретнете некој во кој ќе се вљубите и ќе градите врска со месеци,па и со години за на крај да се разделите, тогаш направената штета може да ве прогонува со години, дури и декади.
Луѓето се најважниот аспект во сечиј живот бидејќи луѓето ја имаат таа способност да не променат на начин на кој никој друг не може.
Вистинската личност може и пеколот да го претвори во рај, а погрешната- рајот во пекол. Понекогаш е возможно истата личност да е способна и за двете.
Врските кои имаат убав почеток најчесто завршуваат со солзи и очај. Тоа не е нешто што може да се предвиди на самиот почеток на врската, туку речиси секогаш знае да не изненади.
Во вашите умови си градите визија за заеднички живот. Имате надежи, сонови и очекувања.
Создавате реалност која се врти околу вашата врска. И кога таа можна иднина ќе стане невозможна, се рушите заедно со иднината која ја очекувавте.
Заминувањето од некој кој ви значел толку многу, некој кој драстично ве променил е неверојатно тешко- нема начин да го ублажиме тоа, навистина е за никаде. Како и да е, можно е да ја пуштите личноста да си замине од вас.
Дури и повеќе од тоа, тоа е потребно за да повторно го изведете вашиот живот на вистинскиот пат.

1. Дадете си време
Не велам дека времето ги лечи раните, бидејќи тоа е глупост. Секако, времето лечи многу рани, повеќето рани, но не сите.
Некои рани му пркосат на тестот на времето подобро од било кои останати светски чуда. Некои се толку длабоки што ќе исчезнат само заедно со вас.
Од друга страна пак, понекогаш сметаме дека времето е доволно. Понекогаш времето ни покажува дека чувствата биле минливи- исто како што ние поминуваме кон  следната личност во која ќе се вљубиме.
Токму поради ова треба да му дадете шанса на времето. Дури и ако не успее да ги излечи сите ваши рани, барем ќе ја ублажи вашата болка. Ќе ги претвори живописните сеќавања во матни претстави.
Ова можеби нема да го реши проблемот за да му дозволите на вашиот поранешен љубовник да си замине, но ќе ви биде многу полесно за вие да го направите тоа. Ќе биде полесно со текот на времето. Ако веќе се случило, можете да се обидете со еден од следните предлози.


2. Запознајте некој нов
Не скокајте во кревет со првиот што ќе го видите, сексот не му помага на скршеното срце- ве уверувам во тоа. Но она што јас го согледав е дека со тоа што ќе си дозволите да се вљубите во друга личност е напредок во вашето опоравување.
Само вљубете се во некој нов, велите? Колку лесно! Не велам дека треба да ја најдете личноста на вашиот живот, сигурно било доволно тешко и првиот пат. Она што вие можете да го направите е да си дозволите да се вљубите површно.
Не обидувајте се да се вљубите во личноста како целина, туку во некои нејзини делови. Овозможете му на вашиот ум да талка и вашата имагинација да доаѓа до заклучоци кои сигурно не постојат.
Кога луѓето се вљубуваат на почетокот од врската, тоа не е онаа голема љубов која повеќето од нас ја бараат- можеби веруваме дека е и поради тоа повеќето се разочаруваат со текот на времето.
На почетокот од врската, станува збор за многу плитка љубов. Тоа е многу романтична љубов бидејќи се базира на минимални познавања за другата личност- се преправаме декаа тие малку податоци што ги имаме се единствените што треба да ги знаеме.
Откако ќе дознаете и други податоци за личноста во која се вљубивте, сигурно ќе избувнете. Сепак самото тоа што ќе се вљубите во некој, дури и само површно ви говори дека вие сте способни да сакате повторно. Сфатете го тоа како мал чекор од долгото патување.


3. Разјаснете си себе зошто треба да се разделите
Дали некогаш сте морале да запрете и да се преиспитувате зошто вие и вашиот партнер сте одлучиле да раскинете? Не сте сами. Како што минува времето, нашите умови талкаат по минатото, присобирајќи пријатни сеќавања и емоции.
Се транспортираме во време на голема љубов и страст- нешто многу опасно бидејќи твојата цел е да и дозволите на личноста да си замине, а вие да продолжите со животот.
Секогаш кога ќе се присетите на некои убави заеднички мигови, во умот ви поминува животот кој некогаш го имавте. Љубовта постои во вашите умови и токму поради тоа, можете да научите да имате подобра контрола.
Можеби не можете да бирате во кој ќе се вљубите, а во кој нема, но можете да ги препознате личностите со негативни чувства и да се вардите од нив.
Дури и ако не можете да се убедите да ја мразите таа личност, потсетувањето на причините поради кои раскинавте може да ви го олесни животот.


4. Расчистете зошто дефинитивно е потребно да му дозволите на партнерот да си замине
Понекогаш врските можат да се зачуваат и страста повторно да се разгори. А некогаш пак знаеме дека е дефинитивно крај и така треба и да остане.
Од една страна треба да сфатите зошто раскинавте, а од друга зошто мора така да остане.
Треба да бидете внимателни и да не дозволите вашите емоции да ослабнат – тие се сложени и често ве залажуваат, оттргнувајќи ве од реалноста.
Застанете, земете здив и со ладна глава побарајте ги причините поради кои треба да продолжите со животот.
Треба да сте на чисто со вашите намери и расудувања. Во спротивно, чувствата ќе ве победат, а вие ќе завршите како правите нешто за што подоцна ќе зажалите.


5. Дадете си време да го замислите совршениот партнер и тогаш откријте со што ги изневерил вашите надежи поранешниот љубовник
Ова е нешто со што многу малку луѓе се занимаваат. Ние сите се надеваме, дури и очекуваме дека еден ден ќе го пронајдеме партнерот од нашите соништа.
Моето прашање е:’ Како ќе знаете дека сте пронашле љубов кога немате идеја каква е личноста од вашите соништа?’
Сите знаеме дека никој не е совршен, но тоа не значи дека не можеме да ги одредиме карактеристиките кои ги обожаваме кај партнерот. Можеби никогаш нема да најдете некој кој ќе ги исполни вашите критериуми, но тоа не е важно. Вашиот совршен партнер е повеќе водич отколку целина од критериуми, водич кој ќе можете да го следите за да ги споредите потенцијалните додворувачи. Независно од тоа дали тие ќе ги изневерат вашите очекувања или не, на крајот сепак вие го имате последниот збор ( вие и оној на кој му се додворувате).
Овој водич е исто така добар за да ви помогне да ја оцените вашата последна љубов. Може да ви помогне работите да ги гледате од подобра перспектива.


6. Пронајдете ја љубовта на вашиот живот
Јас разбирам дека верувате оти последната личност во која бевте вљубени е љубовта на вашиот живот и не верувате дека ќе најдете друга, но јас сум овде за да ви кажам дека кога ќе ја запознаете вистинската љубов на вашиот живот, претходнатите ќе останат во сенка.
Не дека целосно ќе ја заборавите таа љубов, но новата ќе направи да се намали интензитетот. Можно е повремено да мислите на поранешниот партнер- доколку станува збор за голема љубов, ќе има огромно влијание- но нема посебно да копнеете.
Љубовта е како дрога…не е важно кој не снабдува, се додека понудата е добра. Новата љубов ја загушува претходната. Сепак не можеме да речеме дека целосно ќе престанете да го сакате или да ја сакате.
Јас верувам дека постојат луѓе кои никогаш не престануваме да ги сакаме, бидејќи тие веќе станале дел од нас. Едноставно, нема да ги сакате повеќе на оној романтичен начин. А ако успеете да ги убедите силните чувстава и опсесијата да си заминат- е тогаш сте успеале.
Посетено 12.046 пати (1 денес)

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!