5 Ужасни работи кои ќе ги почувствувате кога сте заљубени

zaljubeni
Не постои чувство, искуство, ниту реалност како кога сте заљубени.
Можете шетајќи се низ градот да сретнете личност и веднаш да знаете дека вашиот живот ќе се измени.
Љубовта ќе ви роди емоции за кои никогаш не сте ни биле свесни дека може да ги почувствувате. Ќе се чувствувате многу посреќно и порадосно од порано. Ќе почувствувате како работите конечно почнуваат да се средуваат, ќе сфатите дека животот и не е така црн како што сте мислеле.
Еднаш кога ќе се заљубите, никогаш нема да престанете да ја имате таа желба понатаму во животот. Тоа ќе ве смени.
И не се само позитивните емоции тие што ќе ви направат да го почувствувате заљубувањето незаборавно. Факт е дека ние никогаш нема да ги заборавиме луѓето кои ги сакаме.
Да бидете заљубени тоа значи дека ќе се качите до небото, но и дека можете да паднете во дупка. Не можете да го имате едното без ова другото. Ќе имате многу искачувања и многу падови.
Кога ќе ги почувствувате овие 5 работи сфатете дека тоа се е дел од љубовта.
1. Се чувствувате анксиозни – повеќето од времето.
Што е тоа да се биде анксиозен, се прашувате?
Па, од каде да почнеме?
Кога ќе запознаете некого и ќе се заинтересирате за него, потребно е време за да се заљубите. Некои велат дека љубов на прв поглед постои, но тоа не е точно, барем не за тие кои сакаат на оној природен начин. За повеќето од нас, потребно е време за да ја прифатиме можноста да бидеме заљубени во некого.
Дури и кога и двајцата ја прифаќаме љубовта, сеуште наоѓаме причини за грижа. Се грижиме и размислуваме дали партнерот е вреден за нашата љубов. Се грижиме да не направиме грешка, да не дозволиме повторно да ни биде скршено срцето.
Нашата анксиозност ќе се менува од момент во момент, но секогаш ќе биде присутна додека чувствуваме љубов.
2. Се чувствувате несигурно во себеси.
Можеби дури малку самосвесно. Не е важно дали ќе бидете попаметни, пољубезни, или пак најубавата личност во Светот. Кога најпосле ќе сретнете некого ќе се грижите дали тоа е доволно добро за вас.
Тоа што се грижите е добар знак. Се плашите од фактот дека можете да ја изгубите таа личност. Сте нашле личност која сакате да ја импресионирате. Сакате се да биде совршено.
Тоа не е никаква случајност. Вие сте ја нашле љубовта на вашиот живот и се плашите да не ја изгубите. Тоа е апсолутно нормално да го чувствувате.
3. Се чувствувате љубоморно, без причина.
,,Таа излезе со своите пријатели кои се геј. Да, тие се само пријатели. Така?,,
,,Да, тој не ми одговори на пораката еден час, но знаеш дека е зафатен со работа. Така?,,
Го знаете сево ова. Но, сепак сте љубоморни.
Се што можеме да ви кажеме е ова: Прегрнете го сево ова. Прифатете го фактот дека некого премногу го сакате што чувствувате болка во стомакот. Прифатете го фактот дека се плашите да не го изгубите својот партнер. И прифатете дека сте љубоморни.
Но, не правете нешто глупаво. Љубомората е емоција. Да бидете љубоморни е ваша одлука.
4. Чувствувате голем копнеж.
Сте ја пропуштиле личноста. Не знаете зошто се чувствувате онака како што се чувствувате. Се што знаете е дека сакате повторно да ја видите таа личност.
Не утре, не после еден час. Сега.
Го сакате него или неа во вашите прегратки сега и тоа секој момент. И кога ќе ви недостига некој, тоа знае многу да боли.
Да копнеете по некој може да биде и убаво, но и многу неубаво. Тоа е потреба. Можеби и ќе уживате имајќи го во предвид фактот дека имате некој во животот по кого копнеете и кој ви недостига. Но, знаејќи дека можете и да ја немате таа личност никогаш повеќе никогаш не е забавно.
5. Се чувствувате несигурни.
Проблемот во љубовта е што интензивните емоции никогаш не траат вечно. Тие не можат да траат. Тие нема да траат.
Љубовта може да се дефинира спрема емоциите кои ги чувствуваме. Овие чувства ни прават да ја чувствуваме вредна онаа личност која сме ја нашле. Кога ќе почнете да се прашувате дали ја имате навистина онаа вистинската љубов, тогаш станувате се посвесни. Доколку одлучите дека нема да ја сакате таа личност, тогаш немојте да ја сакате.
Од друга страна пак, одлучувате дека сте попаметни и дека емоциите кои ги чувствуувате не се само она кое го барате или пак тие не се доволни за да ја изберете љубовта.
И тоа е најдобрата одлука која можете да ја донесете.
Посетено 6.400 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!