4 работи кои тој ги крие од вас во врската

Врската нема добра градба доколку нејзините темели се од лаги и тајни, но тоа го занемаруваат многу парови денес, мислејќи дека искреноста не е толку важна додека има љубов.

Но, вистината е дека искреноста и вербата се многу важни, можеби поважни од љубовта во една врска, бидејќи секогаш можеш да го сакаш онај на кој му веруваш.

Но, не можеш секогаш да му веруваш на оној кој го сакаш.

4-raboti-koi-toj-gi-krie-od-vas-vo-vrskata-1

Доколку вие не му верувате на својот партнер бидејќи забележувате дека нешто крие, можеби сте во право и тој ги крие баш овие 4 работи во врската од вас.

1. Тој гледа порно и се возбудува на други девојки

Сите гледаат порно, тоа е факт, но доколку вашиот партнер не сака да спие со вас повеќе, тоа значи дека доволни му се порничите на Интернет за да се задоволи или пак ве изневерува.


 

2. Тој не ве сака како на почетокот

Секој почеток на нова врска е најсладок, најубав, највозбудлив, но само почетокот. Потоа искрата згаснува и забележувате дека вашиот партнер не ве сака исто како претходно.

Можеби ве сака повеќе, а можеби и помалку, тоа треба да го откриете вие.


 

3. Тој порадо би излегол со другарите на пиво

Со вас е постојано и се гледате скоро секој ден што значи дека веќе му станало монотоно времето поминато во ваше друштво.

Она што тој никогаш нема да ви го признае во долга врска е дека порадо би излегол со другарите на пиво, отколку да има секс со вас или да излезе на романтична вечера.


 

4. Тој сака да ви раскине

Доколку забележите дека вашиот партнер се однесува поладно, подистанцирано и ги има овие претходни три знаци на промена, можеби сака да ви раскине, но не знае како.

Во секој случај, разговарајте и решете ги проблемите во врската кои ги имате несомнено ако ги забележувате претходните неколку знаци, во спротивно раскинете му вие ако тој навистина не знае како.

 

Посетено 7.484 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!