4 Работи кои му се потребни на секој маж од неговата девојка во една врска

gusnati
Успехот во една врска се базира на начинот на кој ја третира секој од вас двајца.
Ништо повеќе и ништо помалку.
1. Бидете искрени кон него.
Искреноста е најдобра политика. Никогаш немате потреба да го лаежте вашиот партнер или да се лажете себеси за вашите чувства.
Доколку нешто ви смета, кажете му го на вашиот партнер за да можете заедно да работите на тоа и да го поправите. И доколку сметате дека не постои можност да се поправи проблемот соопштете му го тоа на вашето момче. Тој ќе се повлече доколку ви е потребен простор.
Доколку тој прави нешто што ве вознемирува замолете го да престане. Подобро е да му кажете што ви смета отколку да се доведете до глупава ситуација која може да прерасне и во караница.
Тој ништо нема да крие од вас, па затоа и вие немојте да криете ништо од вашиот партнер.
2. Бидете свои.
Не бидете несигурни. Немате причина за да бидете несигурни.
Не се грижете за вашиот партнер кој ќе ве осудува за некои работи. Доколку продолжи да зборвува со вас, веројатно му се допаѓате. Најдобро е да бидете свои.
Не се однесувајте грубо затоа што вашиот партнер точно ве знае какви сте. Никогаш не дозволувајте да бидете некои други пред вашите пријатели и да се однесувате како да не сте вие.
Никогаш тој нема да се срами од вас пред вашата фамилија или пак вашите пријатели доколку правите одредени работи. Доколку сметате дека тој би се срамел и би се грижел околу ова бидете сигурни дека тој не би бил во врска со вас.
Доколку тој ве знае кои сте и какви сте тогаш единствена причина за која би се грижел е доколку почнете да се однесувате како да не сте вие. Со тоа навистина би го засрамиле вашиот партнер.
Дури и кога вашиот партнер ќе ви каже дека сте перфектни верувајте му. Тоа што го зборува тоа и го мисли. Со тоа сака да ви напомене дека сите ваши аномалии во вашиот карактер ве прават да сте единствени и посебни и тоа е причината поради која и ве сака.
3. Оставете го да биде свој.
Понекогаш вашиот партер може да биде комплицирана личност. Тешка и тврдоглава личност. Можеби ќе каже некои работи каде што вие нема да се чувствувате пријатно. Се што ќе побара од вас е да му дозволите да ги каже тие работи иако вам ви пречат за да би можел да има прогрес кон изградбата на својата личност. Оставете го да прави грешки, но исто така дадете му и време за да научи од нив.
Поддржете го во се што прави, особено оние работи кои му се страст во животот. Можеби нема да се сложувате со се, но многу е важно да му дадете поддршка.
Не се обидувајте да го менувате вашиот партнер. Кога ќе се соочи со некаков проблем кажете му дека тој може да го реши и дека верувате во него.
Помогнете му да најде одговор на одредени прашања, но и потсетете го дека можеби некои одговори и не постои можност да се најдат. Слушајте го кога има потреба да зборува.
4. Спасете го од самиот себе
Зборувајте му кога сака да ве слуша. Кажете му кога не е во право и кога греши. Не се обидувајте да го измените како личност, но сепак посочете му ги работите каде што сметате дека греши.
Потсетете го дека никој не е совршен. Да прави грешки можеби е во ред, но не дозволувајте да ги прави понатаму повторно истите.
Кога ќе ги гледа работите во животот реално, тогаш делувајте позитивно на него и предложете му да ги гледа работите позитивно.
И кога за момент ќе се оттргне од земјата, повлечете го надолу и потсетете го дека тој е само човек.
Посетено 3.810 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!