27 причини зошто паровите кои пијат заедно-остануваат заедно

Луѓето можеби мислат дека алкохолот е уништувач на врските, а јас би сакал да им порачам на тие личности – ако пиете заедно, заедно можете да правите се.


Алкохолот може да поттикне смешни аргументи и да ве прикаже во светло во кое никогаш не можевте да се замислите, но токму поради тие причини важи правилото дека двојките кои пијат заедно- остануваат заедно.

Доколку алкохолот е оној кој предизвикува проблеми во вашата врска, тогаш можеби основите на вашата врска не се толку силни колку што мислевте.

Што би се случило ако животот ви понуди пекол- како што се смрт или болест? Тоа е вистински тест за љубовната врска, а не вашите начини на забава.

Како пиењето заедно со вашиот партнер може да ја зајакне вашата врска? Па…

1. Ниту еден од вас нема да се сеќава зошто сте се скарале


1tumblr_m4vmwbto6z1qj3ir1

А ако не се сетите, не се брои, зарем не? Зарем тоа не е непишаното правило број еден кога станува збор за пиењето?

2. Кога сте пијани, ја исфрлате целата лутина од себе

2funny-gifs-my-kind-of-pillow-fight

А кога конечно ќе се отрезните, не постои дури ни причина зошто сте се скарале. Без оглед на тоа дали ќе се сетите на се што сте кажале, вие веќе сте си ја олесниле душичката.

3. Секогаш сте искрени еден спрема друг

3anigif_enhanced-buzz-25815-1409086903-19

Сите непријатности кои можат да постојат меѓу вас исчезнуваат во моментот кога седнувате да пиете заедно. Нема потреба да прикривате било што, бидејќи и двајцата сте на иста фрекфенција.

4. Учите да се грижите еден за друг

4giphy-176

Не постои посилна врска од онаа која ја создавате со вашето момче кога тој ви ја држи косата додека вие повраќате во WC шолјата. Бонус поени за него ако после тоа ве бакне.

5. Заедно се договарате за да манипулирате со луѓето кога купувате алкохол

5I-want-all-the-alcohol-gif-2

Раздели па владеј, тоа е вашиот план и не морате ниту да презборите за да се договорите. Не постои нешто подобро од тоа кога двојката заедно прави глупости.

6. И да сакате не можете да сокриете тајна

6tumblr_m2wzbwQfYF1qeg7cro1_500

И како што е веќе добро познато, зборовите сами излегуваат од вашата уста кога сте пијани.

7. Ако вашето однесување е срамно, не можете да си судите еден на друг

7giphy-175

Не постои полошо чувство од она кога ќе се разбудите покрај вашиот партнер и немате поим што се случило претходната ноќ. Но, знаете што е добро во сево ова? И тој е исто толку збунет како и вас.

8. Не се карате за пари, бидејќи и двајцата ги трошите на иста работа

87666c5db7e794ec68cd5433c1ead77c0-3

Секој се нуди да части, се додека не го загубите редот. А во тој момент не ви е ниту грижа, бидејќи веќе не можете да донесете рационална одлука.

9. Не сте љубоморни кога излегувате посебно

9tumblr_ltxsx8b7oa1qjpwun

Кога ќе се опиете со вашиот партнер, ништо повеќе не ви е важно. Она за што се грижите е да се опиете што е можно повеќе и да си заминете дома што е можно порано.

10. Изутрина и двајцата имате мамурлак

10tumblr_mlk81nfnvv1s2eqvuo1_500

Добрата работа е што имате кој да се грижи за вас. Не постои нешто помизерно од тоа да лежите на креветот во фетусна положба и да нема никој кој ќе ви го почеша грбот.

11. Изутрина можете да имате секс додека сеуште сте мамурни

11tumblr_m9s7azdxCt1rw4v28

Сексот може да ја излечи главоболката и мамурлакот. Јас не го измислив тоа, тоа е веќе научно докажано.

12. Никогаш не се карате за тоа што ќе правите во петок навечер

12large-28

Во вашата врска не постои дебата по прашања од типот – Ќе излегуваме или ќе останеме дома? Вие конкретно знаете што сакате од викендот.

13. Заедно одлучувате да одморите неколку дена од забавата

13anigif_enhanced-12392-1404326966-2-2

Кога конечно ќе одлучите дека ви е потребен мал одмор, вашиот партнер со задоволство ќе се согласи декса ви е потребен ден за одмор.

14. Јадење после пиење- празник и за двајцата

14anigif_enhanced-25321-1404842928-131

Целата храна на Денот на благодарноста не може да се спореди со она што вие можете да го изедете после прекрасно поминатата вечер. Не сум сигурен дали луѓето ќе бидат импресионирани или ќе им се згади од вашите постапки.

15. Подеднакво се однесувате глупаво

15tumblr_lp4uigkw6F1qbmf8z3

И добро што е така, инаку би морале многу да објаснувате зошто е вашето однесување токму такво.

16. Никогаш не сте скептични за она што го прави вашиот партнер

16giphy-177

Никој не е позабавен од вас и обратно. Не постои простор за љубомора во оваа врска, и двајцата сте премногу зафатени забавувајќи се.

17. На сите ваши пријатели автоматски им се допаѓа вашиот партнер

17tumblr_lj728veGf91qb6x9p

Секој кој имал прилика да се дружи со вашиот партнер, веднаш ви вели дека е супер. Нема ништо полошо од тоа да ги чувате партнерите понастрана од вашите пријатели.

18. Постојат голем број на можности кога станува збор за некаква активност

183Z3NKXk

Вие, повеќепати, сте отишле на заедничко патување… до шанкот.

19. Вашата љубовна врска никогаш не е здодевна

33anigif_enhanced-2634-1421039174-2

Секогаш постои нешто што вие двајцата би сакале да го правите, и токму поради тоа сте омилено друштво на вашите пријатели со кое  би сакале да излегуваат и да се дружат.

20. Сте го запознале вашиот партнер и во најлошото можно светло

20tumblr_ltxtlevRQS1qmxv1lo1_500

И со тоа само уште повеќе се сакате.

21. Секогаш кога пиете заедно изгледате добро

tumblr_inline_mqe0kzo0GY1qz4rgp

Можеби кога излегувате изгледате како моќна двојка, но кога ќе се разбудите еден покрај друг- тогаш е веќе друга приказна.

22. И двајцата изгледате како серковци наутро, но воопшто не ви е грижа

22DrWH0

Токму тоа ја прави вашата врска толку забавна, свежа и смешна.

23. Се што правите претставува авантура за вас

23giphy-178

Бидејќи се што правите вклучува шише и забава.

24. Вашиот партнер го цени појадокот исто како и вас

24tumblr_n4tvz5CoTk1qk08n1o1_500-2-2

Единствениот начин да го спречите мамурлакот е да продолжите да пиете. Вашиот партнер безрезервно ве поддржува на оваа тема, а токму и затоа сте совршена двојка.

25. Имате испланирана активност за секој ден од неделата

25tumblr_mlad5o9McX1rpfx83o1_500

А кога се двоумите… сипете една. Или пак две, нема која да ве осуди.

26. Двајцата го знаете најдобриот начин како да се справите со семејните обврски

26giphy-18-2

Всушност, вие уживате во нив. Се може да се толерира ако не морате да го правите истото сами.

27. Подобро заедно, отколку зад грб па еден кон друг

27anigif_enhanced-9126-1406602359-7

Додека партнерите во другите врски се оддалечуваат и се препираат кој прв ќе зададе удар  зад грб, вие сте заедно и се препирате кој прв ќе порача текила.

Посетено 18.600 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!