15 поминати километри на 15 сантиметри

Чекорев како жив мртовец низ тие темници во кои единствена светлина беше давењето на месечината во езерото, чиниш се милуваа во ноќта.

Додека депресијата го обземаше мојот дух и ги заслепуваше моите очи, дишењето ми станануваше се потешко. Стравот ми го ежеше секое влакненце од телото и си мислев дека единствено водата може да ме ослободи.

Чувството кое ме обземаше додека визуелизирав како таа ме измива одвнатре, ја измива мојата душа и ми ја дава смиреноста која долго време ја посакував почна да ми се допаѓа.

Наеднаш таа бескрајна темница се претвори во ограничен простор со карпести огради од кои се удираа брановите и го создаваа оној вознемирувачки звук кој одsвонуваше се погласно во моите уши и се соединуваше со силното чукање на срцето.

Раштрканите мисли, измешаните чувства и пепелта од последната цигара се давеа во водата.

А јас, потиштена и екстремно смирена и покрај стравот, решив да уживам во убавината на црната темнина која и не толку се разликуваше од мојата душа.

Моментот кој толку многу го замислував и го споредував со лексилиум за смирување сега беше заменет со страв од непознатото.


Ја пуштив раката сакајќи да го погалам мојот иден убиец!

Беше толку студена што ми беше страв да ја стиснам и да и се препуштам. Се оддалечив и почекав уште еден момент.

Во тој момент се премислив. Тргнав назад кон темницата, барајќи ја светлината.

Иако сфатив дека тоа е само светло од возилата кои поминуваа покрај мене, јас чекорев цврсто и со крената глава.

Како да не забележувам ништо. Немирот, стравот и депресијата се имаа здужено против мојот разум и сакаа да го уништат.

Но, тој беше посилен, можеби не силен колку болката во моите стапала од високите потпетици, но доволно за да ме натера да продолжам по патот кој чиниш ми изгледаше бесконечен.

Се движев и покрај страшната болка.

Цели 15 километри на тие високи потпетици. Тоа боли, јас нагазував повеќе, бидејќи болката сузбива болка, нели?

Очајно се трудев да разберам што ми се случува и на крајот сфатив дека животот е како изминување многу километри на високи потпетици, можеби нозете те болат но, треба да продолжиш да газиш цврсто бидејќи ќе дојде моментот кога болката ќе ја сузбие болката и ти ќе продолжиш да чекориш слободно како никогаш досега…

Посетено 2.819 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!