11 работи кои ве прават уникатни

На сите ни треба многу време додека сфатиме дека сме совршени такви какви што сме, несовршени, но уникатни, еднинствени.  Секој има своја лузна, бемка, белег, специфична црта или дел од телото по кој е препознатлив. Сакајте го тој дел од телото или луцето, можеби карактерот бидејќи тие се оние кои те прават посебен, различен од сите останати 7 милијарди луѓе во светот.

11-raboti-koi-ve-pravat-unikatni-1

 

 

Никој не е сличен на тебе, а нема ни да се роди некој со ген ист на твојот, бидејќи и близнаците можеби си наликуваат меѓусебно, но доколку ги набљудувате ќе им ги забележите разликите.

Затоа сакајте се себеси и гордејте се на овие 11 работи кои ве прават уникатни и совршени.

Вашите очи

Без разлика дали луѓето ги забележуваат по впечатливата боја, сјајот, трепките или веѓите кои ги красат, вашите очи се единствени бидејќи никој нема исти како вашите, запомнете го тоа.

Освен тоа, постојат луѓе кои се смејат со своите очи, па доколку сте едни од нив, очите се ваш највпечатлив дел од вас.

Вашата насмевка

Закривувањето кога се муртите или насмевнувате, вашите заби и нивната уникатност кои ја надополнуваат насмевката или пак дупчињата на образи кои ви се прават кога се смеете…

Едноставно никој не сесмее на ист начин како што тоа го правите вие, вашата насмевка се препознава во илјадници други.

Вашиот карактер

Можеби сте избувлива личност, бунтовник, авантурист или едноставно паметна личност која молчи и си го живее животот како што мисли дека е правилно, како и да е си терате свој филм предводен од вашиот карактер кој е еден и единствен.

Вашиот глас

Рапав, длабок, плиток, пискав, сериозен или мелодичен, вашиот глас е карактеристика по која луѓето ве препознаваат кога ќе им се обратите преку телефон.

Никој не зборува исто како вас, ниту ги знае вашите сленгови или мимики и крикови кои ги испуштате на посебен начин.

Вашите атрибути

Задник, гради, стомачни, мускули по цело тело, пивското стомаче, вашите раце се ваши уникатни, впечатливи атрибути кои не може да ги има ниту еден друг во светот колку и да ви се чини дека наликува на вас, верувајте не сте исти.

Вашата аура

Вашата аура е таа што ве следи во секој чекор, таа е таа ваша енергија која кружи наоколу и предизвикува страв, насмевки, возбуденост, привлекува внимание или едноставно ги грее другите со своето постоење.

Вашата аура е вашата најубава човечка карактеристика бидејќи кај секој човек е уникатна.

Вашето движење

Никој не се движи како вас на високи потпетици или во патики, балетанки, никој нема сличен од на вашиот бидејќи секој оди на свој специфичен начин по кој е претпознатлив на километри.

Вашите усни

Полни, ситни, во форма на срце или сосема обични усни, без разлика тие се ваши усни, полните ве прават уникатни, ситните повторно, оние во форма на срце повторно ве прават уникатни, па дури и обичните усни, бидејќи запомнете дека обичното секогаш делува необично.

Вашиот стил на облекување

Никој не комбинира облека на начин на кој што тоа го правите вие, никој не се осмелува да се облекува како што се облекувате вие или едноствано никој не ја носи облеката на начин на кој што ја носите вие и треба да продолжите, бидејќи тоа е вашиот впечатлив стил на облекување

Вашиот став

Вашата перцепција, одлуки, совети, решавање на проблеми и размислување, вашето ЈАС, го креираат вашиот став кој не е сличен на ниту еден друг во светот.

Затоа повишувајте го гласот почесто и кажувајте се што ви звучи лудо во главата, бидејќи лудите се тие што гоменуваат светот.

Вашиот мозок

Никој нема мозок кој размислува, реагира и функционира исто во секојдневието. Сакајте си го мозокот и неговиот капацитет бидејќи тој е се шти имате, без него би биле роботи.

Посетено 6.430 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!