11 причини зошто “прљавите” разговори го прават сексот многу подобар

Сите сакаме секс, страст. Сакаме да се почувствуваме посакувани. Сексот не е само рутинска работа, збир од моторни движења, ние сакаме жежок секс.

Најдобар начин да го остварите ова е да го зачините со неколку валкани зборови. Валканиот разговор е одличен начин да го подобрите квалитетот на вашиот сексуален живот.

Пронајдете ја својата сексуална изопаченост, отпуштете ги кочниците и игнорирајте ги сите лекции од средно училиште кога наставникот ви ги претставуваше опасностите од сексот.

Сега сте возрасни личности, а најдобриот дел да се биде возрасен е што откривате нови работи кои прават да се чувствувате добро, без притоа да се срамите од тоа што го правите. Валканиот разговор е од клучно значење за добар секс. Еве зошто е тоа така.

1. Отворено можете да кажете што е она што прави да се чувствувате добро

Добрата комуникација е клучна за добар секс. Наместо да седнете надвор од вашата спална соба и да разговарате за тоа дека обожавате кога вашата партнерка го користи јазикот додека орално ве задоволува, повозбудливо е доколку тоа и го кажете за време на самиот секс.

На пример – ‘се чувствувам неверојатно кога го правиш тоа’- ова е доволно за таа да знае дека така треба да продолжи. Ова е вистински и успешен начин да укажете на она што го сакате во спалната соба без притоа непотребно да се расправате и објаснувате.


2. Вашата врска ќе стане посилна

На почетокот, валканите разговори се малку непријатни како што може да биде и секој нов сексуален предизвик. Но ова чувство ќе исчезне за брзо време и наскоро ќе почувствувате како вашата врска станува поцврста.

Токму она што го сметате за потенцијално срамно ќе ви овозможи да ја негувате вашата меѓусебна доверба.


3. Го распламтува оганот

Доколку подолго време се забавувате со партнерот, сосема нормално е да се намали страста. Занесот кој преовладувал во почетокот на врската нема да трае вечно ако не се потрудите малку.

Најдобриот начин да го направите тоа е малку да го зачините вашиот сексуален живот. Доколку имате чувство дека вашиот сексуален живот тони во бездна, внесете неколку валкани фрази во вашата спална соба. Можеби токму тоа е она што ви треба.

Плус тоа е и поефтино од разните вибратори и секс играчки.


4. Можете да го правите тоа кога ќе посакате

Не мора да значи дека валканите разговори треба да се одвиваат само во спалната соба. Направете го тоа додека вашето момче е на работа, испратете му провокативни слики и безобразни пораки за тоа што би сакале да му правите подоцна и тој нема да може да се фокусира на ништо друго освен на вас.

Колку побезобразни се пораките, толку поголема ќе биде меѓусебната сексуална тензија, ќе се зголемува и зголемува се додека и двајцата не стигнете дома, а тогаш… се знае.


5. Ќе се чувствувате посекси

Постои нешто неописливо секси во гласното изговарање на валкани зборови, особено ако тоа е во спалната соба. Ќе се чувствувате посекси доколку си дадете слобода да го кажете она што го посакувате токму тогаш кога го посакувате.


6. Прави да се чувствувате доминантни

Заборавете на камшиците, ланците и разните кожени каиши ако сеуште не се чувствувате подготвени за тоа. Дали некогаш сте фантазирале да бидете главен/ на во кревет?! Валканите зборови се најлесниот начин да ја покажете вашата доминантност.

Со самото тоа што ќе му кажете на вашиот партнер/ партнерка што сакате да ви прави, вие веќе имате контрола над случувањата.


7. Ве инспирира да пробате нови работи

Ако можете да трчате без да одите, тогаш можете и да имате секс без да зборувате. Воведувањето на нова, поинаква димензија во вашиот сексуален живот ќе ве инспирира да пробате и други уште посекси работи во спалната соба, како што се нови секс пози, секс играчки, дури и да експериментирате со храна,итн.


8. Ви дава самодоверба

Пробувањето на нешто што е ризично и што прави да се чувствувате неудобно како што е валканиот разговор со вашиот партнер ќе направи да се чувствувате самоуверени и во други аспекти од вашиот живот.

Ако имате храброст да испробувате нови работи на посебно место како што е вашата спална соба, тогаш можете да правите се.


9. Ќе ја намали несигурноста која ја чувствувате за време на сексот

Досадно е да сте тивки и да имате ‘poker face’ за време на сексот. Непријатно е да изгледате незаинтересирани за тоа што вашиот партнер го прави на вашите гениталии.

Ако користите валкани фрази за време на сексот, вашиот партнер ќе знае што точно сакате, а што не, со што ќе се намали несигурноста за тоа што тој/ таа го прави  и дали го прави тоа на вистинскиот начин. Но, кога ќе добиете потврда дека она што го правите е правилно, во тој случај можете да се опуштите.


10. Го зголемува задоволството

Ефектот не е ист доколку мислите дека нешто е добро и доколку тоа јасно и гласно го изговорите. Кога ќе посочите што точно прави да се чувствувате добро, чувството станува многу пореално.


11. Претставува начин на кој можете да се олесните

Познато ви е чувството кога очајно мораме да испуштиме крик за време на оргазам и ако не го направиме тоа, чувството не е потполно или не можете да се олесните.

Затоа, валканите реченици претставуваат форма со која можете да се олесните. Кога гласно ќе го изразите вашето чувство, тоа ќе биде целосно.

Посетено 10.745 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!