11 чувства кои ви се непознати се додека не се вљубите

cuvstva_majkatiitatkoti

Првиот пат кога се вљубив имав чувство како за прв пат да прогледнав. Како да се крена некоја завеса и конечно можев да го видам животот онаков каков што е.

Таа љубов беше најпрекрасното и најужасното искуство во мојот живот, истовремено. Направи да се почувствувам како што никогаш не бев помислил дека може да се чувствувам.

Ми овозможи да бидам личност каква што мислев дека никогаш нема да можам да бидам, а потоа ме претвори во личност во каква што никогаш не сум помислил дека можам да се претворам.

Љубовта е како возење со луда железница, само што тргнувањето и запирањето не е точно определено. Љубовта со сигурност ве менува. Таа го зема вашиот живот во свои раце и го води во сосема поинаква насока.

Доколку јас не се вљубев во таа личност, вие не би го читале ова сега. Всушност, личноста која јас сум денес воопшто немаше да постои.

Луѓето не учат од искуствата.  Учиме од начинот на кој тие искуства прават да се чувствуваме. Во животот, не постои подобар учител од љубовта.

1. Чувство на непобедливост

Кога за прв пак ќе се вљубите за прв пат сфаќате дека работите кои очигледно се невозможни, понекогаш се возможни- можете да направите се што ќе посакате!

Имате чувство како Универзумот да ја испланирал вашата средба, како да тоа е вашата судбина. Светот одеднаш изгледа посветол и попријатен.

Ви се чини како проблемите да исчезнуваат и се што останува сте вие и личноста која ја сакате.

2. Искрена загриженост

Не можам да зборувам од името на сите, но првиот пат кога јас почувствував загриженост беше првиот пат кога се вљубив. Вообичаено луѓето се грижат само за самите себе.

Дури и уште како деца, ние ретко се грижиме за безбедноста на нашите родители или на другите членови од семејството.

Но кога сме вљубени, дури и 15-минутното доцнење на нашиот партнер ни предизвикува паника.

Ние сме загрижени кога личноста која ја сакаме е во потенцијална опасност, а според нас тоа е секогаш. Не можеме да го промениме тоа. А да бидеме искрени, не би го промениле и да можевме.

3. Голема љубомора

Луѓето сакаат да ги прават љубоморни другите луѓе, но тоа не се однесува на овој вид на љубомора. Љубомората е неопходен дел од секоја врска, се додека сме со вистинската личност и знаеме како да се справиме со неа.

Потребно е да сте љубоморни, бидејќи се додека сте загрижени, партнерот во кој сте вљубени е ваш, само ваш. Истовремено, не ви е потребна голема причина за да бидете љубоморни.

Доколку пак имате добра причина зошто да сте љубоморни, тогаш најверојатно вие сте со погрешна личност. Во секој случај, не можете да разберете што е тоа љубомора се додека вистински не се вљубите.

4. Потреба да сте сакани

Секој сака да биде прифатен, па дури и ценет. Исто како што и секој сака да биде сакан. Дури откако ќе ја искусите љубовта ќе сфатите што значи да чувствувате потреба да сте сакани.

Љубовта е еден вид на посакување. Но тоа не значи само да посакувате некој, туку и да чувствувате потреба таа личност да ве посакува вас. Ова чувство можат да го разберат само оние кои се вљубиле, а нивната љубов била одбиена.

Колку повеќе ве оттурнуваат, толку повеќе вие се трудите.

5. Потполна збунетост

Во зависност од тоа до кој степен во вашата врска сте, ќе доживувате различен вид на збунетост.

Најпрво, можно е да сте збунети зошто вашата љубов не ви е возвратена. Потоа пак, може да ве збуни како одеднаш љубовта ви се возвраќа.

Следно е да сте збунети за тоа како е можно да сакате толку длабоко, искрено, силно.

Голема е веројатноста дека целата таа забуна ќе биде следена од неможноста да разберете зошто работите тргнале на лошо, како се е измешано. Претежно се што е поврзано со љубовта е збунувачко.

6. Силен копнеж

Можат да ви недостасуваат пријателите. Можат да ви недостасуваат родителите, браќата и сестрите, роднините. Но ништо од ова не се споредува со копнежот. Копнежот е целосно поинакво чувство кое ќе го разберете откако ќе се вљубите.

Ќе поминувате безброј непроспиени ноќи и осамени утра копнеејќи само да ја/го допрете, бакнете, држите за рака личноста која промени се. Боли. Буквално боли кога сте далеку еден од друг.

7. Искрена несебичност

Луѓето се создадени егоцентрични. Едно е да размислувате за херојските постапки како го ризикувате животот за личноста која ја сакате, а друго е да сте подготвени да го направите тоа.

Љубовта ги излудува луѓето, бидејќи прави да сакаат да направат нешта кои претходно не се планирани.

Љубовта не тера да ја ставиме пред самите нас личноста која ја сакаме, неговата/ нејзината благосостојба, безбедност и среќа.

8. Љубовна болка

Кога ќе се предадете на љубовта и ќе дозволите целосно да бидете проголтани од неа, тогаш вие сте најмногу ранливи.

Се што сте вие предавате на друга личност. И дозволувате на таа личност да ве гледа онака како што само вие самите се гледате.

Го отворате вашето срце и делите се. Иако ова е најпрекрасното искуство на светот, може да се претвори и во најужасно.

Вистината е дека никогаш не можете да разберете што значи љубовта се додека не ја почувствувате болката која произлегува од неа.

Можно е тоа да е болка од љубомора, чувство на недостасување и беспотребна грижа. Но секој кој љубел знае дека од љубовта не можете да излезете целосно неповредени.

Не постои поголема психичка болка од болката на скршеното срце. Постојат илјадници начини на кои може да ви биде скршено срцето, но болката која произлегува потоа е иста за сите нас.

9. Навидум бесконечна тага

Немаат сите врски среќен крај. Всушност ова се однесува на повеќето од врските. Иако врската завршила, можно е да ве прогонува и после тоа.

Понекогаш брзо застануваме на нозе после неуспешната врска. Понекогаш, тоа не оди толку брзо. Во зависност од тоа колку била голема љубовта и колкаво влијание имала таа личност врз вашиот живот, тагата можете да ја чувствувате и многу долго.

Можеби и не може да трае бесконечно, но различен степен на тага можете да чувствувате дури и цела деценија па и подолго.

10. Гадење од самите себе

Мислевте дека не можете да се мразите самите себе и да се презирате се додека не дојдовте до заклучокот дека причината поради која го изгубивте најдоброто нешто во вашиот живот сте токму вие.

Тешко ви е да се погледнете во огледало. Тешко ви е да оддолеете на алкохолот и дрогата, или на безначајниот секс.

Едно е ако не успеала врската поради тоа што и двајцата не сте биле вистинските личности еден за друг, а друго е кога ќе ја пронајдете вашата сродна душа и не можете да ја одржите таа врска.

Ако не се мразите поради тоа што сте направиле грешка, тогаш се мразите поради тоа што не сте биле доволно добри.

11. Искрена надеж

Љубовта ќе ве подигне, ќе направи да се чувствувате безбедно и топло и тогаш еден ден ќе ве соџвака и само ќе ве плукне. Ова не важи за сите случаеви, понекогаш работите функционираат. Понекогаш пак се распаѓаат со минимална колатерална штета.

Постојат илјадници начини да сакате и милиони начини како се чувствувате кога сакате. На луѓето им е тешко да ја дефинираат љубовта затоа што таа нема една единствена форма. Љубовта е променлива. Љубовта е жива.

Тоа е она што ги поврзува човечките суштества на начин за кој науката сеуште тврди дека е невозможен.

Откако срцето ќе ви биде скршено еднаш, доаѓате до момент кога треба да донесете одлука- или да завршите со животот или да пронајдете начин како да продолжите. Тие се единствените две опции кои ни се понудени, и без разлика на тоа дали ние ќе дондесеме одлука, животот ќе го направи тоа за нас.

Оние кои успеваат да ја осознаат својата индивидуална сила продолжуваат напред. Наоѓаат надеж. Искреност, вистинска искреност.

Сфаќате дека работите се случуваат со причина или пак вашите судбини се целосно надвор од вашата контрола.

Без оглед на ставот кој го имате, резултатот во основа е секогаш ист: стануваме, го чистиме правот од колената и се надеваме дека повторно ќе имаме шанса да сакаме, но следниот пат тоа ќе биде со вистинската личност, во вистинското време, на вистинскиот начин, или пак сите одеднаш.

Правиме грешки и учиме од нив. Ние не се откажуваме.

Посетено 7.382 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!