101 метла за поранешната девојка

$_32
А сега, вест за најголемиот џентлмен на Балканот. Еден анонимен земунец наместо рози, на поранешната девојка и подарил метли. Поточно, девојката добила 101 метла по повод 8-ми март.
Работникот кој ги доставувал метлите мислел дека се за некој кој работи на локалниот плоштад. Не бил само тој збунет во ситуацијата – девојката не знаела што да прави со толку многу метли, иако според гестот на поранешното момче, веројатно требала да ги користи за летање.
Девојката му се јавила на поранешното момче, бидејќи веднаш се посомневала во него. „Му се јави додека стоев покрај неа и го праша зошто и ги пратил. Повторуваше цело време дека не може да верува дека навистина го направил тоа. Кога го праша што да прави со нив и одговори – не знам, седни и јавни една“, изјавил курирот што ги доставил метлите.
„Не се лутеше премногу, цело време се смееше во неверување, но мене ми го разубавеа денот. И предложив да ги продаде“, заклучил курирот низ смеење.
Посетено 1.742 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!