10 животни лекции кои ги научив после 3 месеца без алкохол

Есента, решив да го сторам незамисливото- да се откажам од алкохолот.

Претходно бев девојка која ужива во забавите, а откажувањето од алкохолот не се сметаше ниту како можност. Но како што одминуваа годините, јас сфатив дека животот претставува многу повеќе од само прекумерно пиење и излегување со момчиња по случаен избор.

Решив оваа теорија да ја ставам на тримесечен тест и ова се работите кои ги научив откако сум трезна:

1. Како да излезете, а да не пиете алкохол

Порачувањето на вода, додека вашите пријатели пијат алкохол и не е толку трагично како што ви изгледа. Интересно е да ги набљудувате луѓето кога алкохолот ќе почне да делува.

Почнуваат да изговараат навредливи зборови и одеднаш стануваат многу дружељубиви. Тоа не можев да го забележам додека пиев алкохол бидејќи и јас се претворав во една од нив.

2. Како да се дружите со луѓето надвор од баровите

Тоа дефинитивно не беше мојот прв обид да се дружам со луѓето на трезно. Одењето на јога или на кафе со пријателите ми стана омилен начин на кој можам да го потрошам слободното време.

Кога излегувањата престанаа да се организираат само поради алкохол, почнав да се присетувам на животот, онаков каков што некогаш го имав.

3. Повеќе не се чувствувате засрамени кога следното утро ќе погледнете во вашиот телефон

Јас бев кралица за пишување пораки и јавување кога сум пијана. Ќе се разбудев и ќе погледенев во телефонот и понекогаш сфаќав дека сум излегла со некој во 4 часот, а мислев дека сум си легнала околу 2.

4. Алкохолот ме претвори во лоша личност

Кога конзумирав алкохол, се наоѓав во ситуации кога ги исмевав останатите, ги озборував и зборував за минатото.

Кога конечно се откажав од алкохолот, открив дека всушност сакам да разговарам за моите цели, соништа и за иднината.

5. Родендените без алкохол се забавни и незаборавни

Последните 10 години, родендените беа само изговори за да испијам неколку чашки повеќе. Бев решена да го прославам мојот 29ти роденден на поинаков начин, јадевме суши со најблиските пријатели.

Алкохолот не ми беше потребен, јас бев посреќна без него. Излегува дека добриот разговор со прекрасни луѓе е се што ви е потребно за да имате среќен роденден.

6. Ги доживувате чувствата на вистинскиот начин

Секогаш кога ќе се почувствував лута, вознемирена, тажна, под стрес или исплашена, барав утеха во алкохолот. Но, откажувањето од алкохолот за овие неколку месеци ме принуди да ги доживеам тие чувтва на вистинскиот начин. Научив многу работи за самата себе и за тоа како да се справам со најразлични ситуации.

7. Кога јавно ќе прозборите за некој проблем, луѓето слушаат

Проблемот со алкохолот за прв пат го најавив во пост во мојот блог. Некои рекоа дека се восхитуваат на мојата храброст, некои ме запрашаа како сум успеала, а некои дури и ми се отворија и признаа дека се борат со истиот проблем веќе со години.

Добив огромна поддршка, но имаше и коментари кои беа ужасни. Слушнав сешто од типот “Па… што правиш сега за да се забавуваш?”, “ Да бе, како да тоа многу ќе потрае!”

8. Алкохолот не е неопходен за сезоната на празници

Многу лесно Божиќните празници можеа да се претворат во најужасните празници кои некогаш сум ги имала. За прв пат после цела деценија, ги поминав празниците во иста соба со моите родители. Мојата мајка за прв пат се сретна со мојата маќеа, мајка ми ми беше цимерка цела недела.

Овие работи би можеле да бидат доволен поттик за да повторно му се вратам на алкохолот, но јас бев одлучна, решив да се соочам со овој голем стрес за мене.

 9. Кои славни личности се трезни

Кога сум заинтересирана за некоја тема, јас ја истражувам во целост. Пронајдов долга листа на славни личности кои имаат различни перспективи за алкохолот.

Blake Lively никогаш не се грижи за алкохолот, Jennifer Lopez избегнува алкохол бидејќи многу ја суши кожата, Bradley Cooper престанал да конзумира алкохол на 29 години и никогаш повторно не пробал и Russell Brand отворено раскажува за неговото закрепнување.

Наивно мислев декла сите пијат исто како и мене бидејќи сама одбрав да бидам опкружена од таков вид на личности.

10. Како да испиете неколку пијачки и да престанете

Најголемата придобивка од ова мое искуство беше што научив како да го ценам алкохолот и да не го сметам за мој стил на живеење.

Сега можам да уживам во пијалок или два со пријателите, да си легнам пред полноќ и да го избегнам срамот од телефонските пораки. Среќна сум што конечно можам да кажам дека тие времиња се далеку позади мене.

Трезвениот живот и не е толку лош, всушност, тој е прилично добар. Искусувањето на овој нов свет ми помогна да ја воспоставам рамнотежата која одамна ја посакував во мојот живот.

Посетено 10.204 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!