10 работи за кои размислува вашата девојка, но не смее да ви ги каже

Ние, жените, понекогаш знаеме да претераме со размислувањето. Тоа е сосема нормално за нас. Знаеме да анализираме и размислуваме предолго, едноставно ни нема помош.

Постојат голем број на работи за кои размислуваме, но не ги кажуваме бидејќи се грижиме за вас- нашите момчиња- и не сакаме да ги повредиме вашите чувства.

Па ако секој ден би бил ден наменет за кажување на вистината, ова се десетте работи кои ние би сакале да ви ги кажеме директно в лице, без да заобиколуваме.

1. Потребно е да ја обновите гардеробата

Голем број на мажи се згодни, паметни и успешни во своите животи. Тие се генијалци во работата, но се тотални незнајковци кога станува збор за модата.

Тие не се облекуваат баш најдобро, а нам тоа не излудува. Она што ние го сакаме е вашата облека да ја отсликува вашата неверојатна личност. Не морате да изгледате како штотуку да сте се симнале од модната писта, но можете да се потрудите да бидете барем малку во чекор со модата.

Ние сакаме да се фалиме со вас ( да ве покажуваме), но пред тоа мораме да ви укажеме дека неодложно е потребно да ја обновите старата гардероба.


2. Би сакале да сте малку поуредни

Нередот не е во мода. Жените не сакаат да се забавуваат со мажи кои се неуредни.

Не грижете се, не сакаме ние ‘педантерии’ кои ќе се однесуваат како чудаци. Не очекуваме вашите маици да се здиплени во линија и подредени по боја. Ние бараме само малку. Навистина, барем она основното.

Еве на пример, мразиме кога не го спуштате капакот на WC шолјата и пожелно е да оддржувате малку почисто.


3. Сакаме романтика

Жените особено сакаат романтика. Плачеме секој пат кога го гледаме филмот “The Notebook” и и се восхитуваме на Julia Roberts во “Pretty Woman”.

Мислам дека веќе погодувате, ние сакаме бајки.

Всушност, ние сакаме кога ни се додворуваат. Го цениме секој ваш обид да направите да се почувствуваме посебно.

Закажувајте ни романтични вечери, подарувајте ни чоколади и цвеќе и испраќајте ни пораки за да ни покажете колку се грижите за нас.

Ние ги забележуваме сите детали ( ситници) кои ги правите за нас и секако, ги цениме истите.


4. Обожаваме предигра

Предиграта е една од нашите омилени работи, таа навистина ни го подобрува расположението. Жените обожаваат кога ги бакнувате и милувате. Па затоа, ќе ве молам задржете се подолго време и уживајте во нашето тело.


5. Планирањето е како афродизијак за нас

Сакаме кога заедно планираме. Секоја жена посакува да се забавува со маж кој има планови и средства за да ги оствари тие планови. Организирањето на состанок е едноставен начин да не направите среќни. Се додека вие сте оние кои организираат, ние сме возбудени да правиме било што со вас.


6. Жените копнеат за секс

И ние сакаме секс, исто така. Токму така, ние копнееме за повеќе секс. Сакаме да уживаме исто како и вие. Сакаме да се почувствуваме посакувани и потребни некому, а особено сакаме кога ни удоволуваат. Ни недостасуваат деновите кога не можевте да го оттргнете рацете од нас.


7. Уживаме во времето поминато сами

Жените особено ги сакаат вечерите кои се наменети само за девојки и времето кое го поминуваат сами. Понекогаш едноставно сакаме да сме мрзеливи и да се одмораме на нашата омилена фотелја.

Сакаме да гледаме серии, да си ја подготвиме омилената храна и да се релаксираме. Всушност, сакаме да ви кажеме дека ни е потребно да минуваме повеќе време сами, но не сакаме да ве навредиме.


8. Имаме временски ограничувања

Жените се воспитани да ги почитуваат временските ограничувања. Биолошкиот часовник отчукува.

Не сфаќајте не погрешно, ние не сме очајни. Не трчаме да се омажиме за првото момче на кое ќе наидеме. Бараме некој исклучителен без кој не можеме да си го замислиме животот.

Но, кога веќе имаме 25 години, непотребно е да излегуваме со некој со години и години за да сфатиме дека тој е вистинскиот. Имаме временски ограничувања и сакаме да се придржуваме до нив.


9. Сакаме да се почувствуваме посебно

Постојано сакаме да се чувствуваме посебни. Ние сме пресреќни кога ќе вложите дури и мал напор. Направете да се чувствуваме како ваш важан приоритет.


10. Како најлесно да излезете од непосакуваната ситуација

Кога сме ви лути, размислуваме доста неразумно.

Па, ако сте во таква ситуација, потребно е да ја поправите штетата што е можно поскоро. Препорачуваме орален секс. Ова успева во 98% од случаевите.

Посетено 17.561 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!