10 непромислени одлуки кои прават луѓето да се успешни пред да наполнат 30 години

mark-dupla_majkatiitatkoti
Младите неискуството најчесто го надополнуваат со арогантност и безобѕирност (непромисленост), квалитети кои, за чудо, им даваат конкуррентска предност на 20- годишниците. Колку сме помлади толку поголема е веројатноста дека прво ќе направиме нешто, а дури потоа ќе поставуваме прашања.

Иако ова најчесто работи против нас, воедно создава и простор за импресивни успеси за оние кои успеале да тргнат по правиот пат подоцна во животот.

Тешко е дури и да се обидеме да објасниме зошто некои 20 годишници успеваат да направат десетици или стотици милиони долари додека пак другите не можат да дојдат до милион целиот живот.

Ние сме научени дека искуството е клучот за успехот и со доволна посветеност и ние ќе бидеме успешни.

Но, постојат посебни карактеристики според кои дрскоста е пред претпазливоста. Важно е да се препознаат кои од тие квалитети на непромисленоста се корисни и како најдобро да ги искористите во ваша полза.
за.

1. Имаат став ‘Не е можно да не успеам’.

Ако навистина веруваме во тоа што го сакаме тогаш постојат многу малку нешта во животот кои не можеме да ги постигнеме. Убавината на младоста е во тоа што ни дозволува да се залажуваме дека сме непобедливи.

А во многу погледи и сме. Самоуверени сме и имаме доволно време за да ги вратиме работите на правиот пат- комбинација која ни е при рака. Убавината на овој менталитет е што ни ја дава потребната доверба за да успееме.

Овој вид на доверба е клучна за успех. Како што старееме и нижиме неуспеси, овој енергичен став бледее и ослабнува. Можеби само ќе верувате дека не можете да не успеете толку долго…

2. Немаат проблем со неуспехот.

Ова е убавата контрадикција која младоста ни ја дозволува- веруваме дека нема да доживееме неуспех, а дури и ако се случи тоа, сепак нема да не одврати да продолжиме со потрагата. Според нашите умови, не сме доживеале неуспех- успехот е само малку одложен.

Ова е уште еден начин на размислување кој е потребен за да успееме. Никој не успева од прва, можеби само така изгледа кога гледаме од страна.

Ако успеете да останете верни на вашиот неизбежен успех и одбиете да го прифатите неуспехот како ваша крајна цел, тогаш успехот е речиси сигурен.

3. Одбиваат да спијат и зависни се од кофеин.

Сите правиме глупости кога сме помлади, пример да останеме будни цела ноќ со помош на кофеин и Red Bull.

Бидејќи сеуште сте во вашите 20ти години, вашето тело е прилично здраво. Како што стареете, станува скоро невозможно да се заврши работата со таков жар затоа што нашите тела ослабнуваат како што одминува времето.

Но, доколку сеуште сте во 20тите години од вашиот живот тогаш можете да одите до крајности, а шансите за последици ќе бидат помали.

Не може да се каже дека ваквото однесување е препорачливо, но дефинитивно е дел од причините поради која луѓето успеваат да го достигнат врвот пред да наполнат 30 години.

4. Првично важна им е нивната страст, а потоа да заработат за живеачка.

Колку сме постари, толку поголеми обврски имаме. Повеќето од нас ќе имаат маж/ жена, деца. Повеќето од нас ќе мораат да преминат многу препреки за да не  ризикуваат и да немаат со што да набават храна, или да ризикуваат да доживеат банкрот.

Ако имате 20тина години тогаш имате многу помалку грижи. Можете да зафркнете и само вие ќе го отплаќате тоа.

Не дека не е можно да сте успешен претприемач и да имате семејство, но самото тоа што веќе имате семејство го прави почетокот и целата таа трка навистина тешка.

5. Се забавуваат исто толку добро колку што работат.

Како што старееме, повеќето од нас се откажуваат од диско забавите. Тежнееме кон тоа да поминуваме повеќе време дома, а помалку да се давиме во алкохол. За волја на вистината постојат предности поради кои вреди да се забавуваме цела вечер, а потоа се да си одработиме утре изутрина.

Добрата забава ви овозможува брзо да се опуштите. Секако, скоро сигурно следниот ден се ќе ве боли, но ако ништо друго, барем ќе ве оддржува задоволни некое време.

6. Веруваат дека секогаш се во право.

Како старееме, така стануваме попаметни- најверојатно. Ова значи дека сфаќаме колку сме биле во грешка целиот наш живот. Признавањето на грешките е важно за нашиот личен развој. Кога станува збор за успешност во одредена област, тогаш вообичаено личниот развој не е толку значаен како бруталната сила и молскавично брзото дејствување.

Ако сметате дека секогаш сте во право, никогаш нема потреба да се прашувате за тоа дали сте или не сте во право. Ова дефинитивно е малку ароганто. Но сепак си има свои предности.

7. Не се грижат за последиците.

Се разбира, деловните луѓе секогаш треба да се грижат за последиците, иако, сепак тие имаат селективна наклонетост кон нив. Се фокусираат на позитивните последици и прават се за да ги заборават сите негативни.

И покрај тоа што ова може да биде опасно, исто така овозможува голема фокусираност и цврста одлучност. Поголемиот дел од луѓето се загрижени за последиците толку многу што никогаш не се обидуваат први да направат чекор. За среќа ова ја намалува конкуренцијата и ги зголемува шансите за успех.

8. Не се заинтересирани за врски.

Сметам дека сите треба да најдеме една посебна личност со која ќе го поминеме животот. Но, 20тите години не се добро време за премногу да инвестираме во нашиот љубовен живот.

Повеќето од нас се далеку од стабилни и многу порадо би го трошеле времето за достигнување на други цели.

Се разбира, пронаоѓањето на партнер може да направи постигнувањето на целите да е дури и полесно. Како и да е, поголемиот дел од врските завршуваат со неуспех, односно од нив имаме повеќе штета отколку полза. Кога имаме 20тина години, вообичаено поважно ни е да бркаме женски/ момци отколку да се жениме/ мажиме.

9. Преземаат огромни ризици.

Со голем ризик до голема награда- а кој би го направил тоа ако не 20 годишниците? Кога сте помлади сакате се и верувате дека сте способни за да го имате сето тоа.

Иако повеќето го сметаат ова за заблуда, факт е дека некои луѓе успеваат во тоа. Како да ги наречеме луди кога тие седат на јахта и си потпивнуваат маргарита (коктел)? Поголема е веројатноста помладите луѓе да превземаат поголеми ризици и често добро им се исплати тоа.

10. Донесуваат импулсивни одлуки.

Јас вообичаено не препорачувам да се раководите по вашиот инстинкт, но понекогаш може да ви биде од корист. Има моменти кога не знаеме кој е правилен а кој погрешен одговор, која е правилна а која погрешна одлука.

Понекогаш во животот доаѓаме до момент кога треба да фрламе паричка. Во ваквите моменти треба да донесеме одлука, да го направиме тоа брзо и да се држиме до неа, задржувајќи ги сите сомневања.

За повеќето луѓе важи дека колку повеќе стареат толку повеќе се грижат и претеруваат. Кога сме помлади имаме поголема верба во нашата среќа и веруваме дка можеме да се приспособиме на било кои околности кои следуваат.

Секако, ова можеби е малку непромислено но самото тоа што форсирате да се приспособите ве прави лесно приспособлива личност- а кога се работи за успех, тоа може да значи живот или смрт.

Посетено 3.417 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!