Шипки, шилци и мајката на комшијата

Од памтивек си имам жива ограда во двор
Е не е баш најжива, пола е исушена
ама така се води во катастар
Ми се досели нов комшија и одма почна
да прави некаква ограда со железа,
шипки и шилци и сл. опасни по живот моменти
Дремам јас во двор и ја слушам комшискава ограда
како и вика на мојава
„Што си ма таква-никаква , како Криволак на промаја“
„Јас сум жива ограда, зелена и среќна
а и ти што си ..некој робокап во ограда варијанта?“
„Јас сум ограда од ковано железо, ултра-модерна
и вечна.. ти кај и да е ќе умреш“
– се прчи новокомпонованта
„Да, се гледа дека те „ковал“ кој стигне“
„Што рече?“
„Иди шетај ма, ти за 2 години ќе идеш во старо железо“
Тогаш оваа кованана глупача почна со шилците
да ја боцка мојана мирољублива ограда
а тука јас попиздев
Видов дека позади неа во дворот си играат
мајката на комшијата и тоа нејзиното дебело внуче
„Кого да одберам…. бебето е полесно ама бабата
е и онака пред умирање и башка поружноа-се мислам
Смислив, ја акнав бабата со камен и така онесвестена
ја неденав на шилците на кованата ограда
Се тргнав да не ме испрска со крв, викнав полиција
и пријавив убиство
Веднаш се појавија и ја уапсија кованата ограда
а по комшиите се уште се трага
Сега куќата стои празна и почнаа наркомани да се собираат,
ми фрлаат шприцеви и ми ја мочаат оградата.
Се мислам што казна да им смислам?

Посетено 351 пати (1 денес)