д-р МАРЈАН БОЈАЏИЕВ – Ректор на UACS

Денес е петок 21. Фебруари.

За повеќето луѓе петок е крај на работната недела. За мене, пак, најчесто е дел од работен викенд.
Имам часови на постидпломски студии, MBA група на Американ Колеџ, кои вообичаено се во четврток и петок попладне, и сабота претпладне.

Harvard 2008Харвард 2008
 

Сепак, часовите и интеракцијата со професионалци и менаџери, се најважен елемент од задовлоството што го имам од работата на Универзитет и што предавам на Факултетот за бизнис.

Денес ќе имам и неколку состаноци со гости Универзитетот Шилер од Флорида. Во вторник, ни доаѓа деканот на Универзитетот “Webster од Женева.

2012 Teacher of the year width_dag and familyПрофесор на годината за 2012, фотографија со семејството.

 

Тоа е втората димензија на убавината на оваа работа – неброени меѓународни контакти.

Како и да е , викендот, ќе го искористиме и за една кратка дружба со бендот V.I.S. – VOX.

Неодмна го издадовме албумот „Песни што секогаш сте сакале да ги слушнете а не сте имале каде“. Го лансиравме првиот спот кој можете да го видите подолу. Англиската верзија видете ја тука.

[youtube height=”HEIGHT” width=”WIDTH”]https://www.youtube.com/watch?v=-ENBef5hll8[/youtube]

Најверојатно во недела ќе имаме мала свирка во нашиот Music room.

Она малку време што ќе остане до викендот, ќе го минам со семејството, сопругата Ирена, ќерката Илијана и синот Лука.

FAMILY VIS VOXПоголем дел од слободното време го поминувам со семејството.

Посетено 981 пати (1 денес)

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!