МАЈА ЛАПЕ

Утринско кафе чај со Маја Лапе

Маја Лапе - незнаеме шо е по професија, ќе ја прашаме за другпат. :)
Маја Лапе – ген. директор НЛБ Лизинг

Станувам рано, бидејќи поголемиот син е секогаш прва смена во школо и треба да се спреми. Ако е денот сончев, едвај чекам да го почнам. Прво пуштам музика и вклучувам кетлер. Моето прво кафе е всушност зелен чај. Порано бев зависник од кафе во сите форми, но речиси 2 години не пијам кафе. Сега уживам во сите варијанти на зелениот чај, кој ми го дава истиот ефект. Малку вежбање, по можност на тераса, доручек стандардно овошје, подготовки и одење на работа.
Таму го пијам следниот чај, проверувајќи ја електронската пошта и правејќи план на денот и неделата. Од мојата канцеларија имам прекрасен поглед на Водно, кој ми дава енергија активно да го поминам цел работен ден и повеќе од тоа.
Иако не пијам кафе, ритуалите на деловни или приватни одења на кафе остануваат. Сега е тоа зелен чај, како по правило послужен со мед и лимон во скопските локали. Кафе или чај сеедно, тоа е ионака само повод за социјализација.

Посетено 1.275 пати (1 денес)

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!