Сама си го бараше

Онаа В. ме обвини за силување
и сега сум на суд, скроз безвезе
„Зошто ја силуваше оваа прекрасна млада дама?“
-ме прашува строгиот судија
„Сама си го бараше“
„Е како тоа сама си го барала?“
„Пееше една песна“
„Која?“
„Еве самата нека ви ја испее па ќе видите“
Она стана и на цел глас почна да ја пее
RAPE ME“ од Nirvana
Едно време беше молк во судницата а тогаш
сите и се’ нафрлија ….судијата, сите адвокати и обвинители
целото обезбедување па дури
и записничарката сосе машината за куцање
Општ хаос, масовна хистерија
Го искористив моментот и го голтнав целиот мој предмет
со сите докази, вклучувајќи го и лаптопот со песната
„Извини судија може до вц?“
-го начекав во небрано со спуштени панталони
и легнат врз прекрасната млада дама
„Иди бе кај сакаш“- кратко ми одговори
Искочив и ноншалантно си одшетав накај чаршија
Ама нешто се заебав,
лаптопот беше уклучен и
како за беља цело време од стомаков
ми свири таа песна.
Го стегнав каишот ама џабе,
RAPE ME, RAPE ME трешти околу мене
Гледам едни типови ме меркаат, тргнаа по мене
„Не ми личи ова на арно“-си мислам
и фатив да бегам…. они по мене….
Уште бегам, кога ќе завршам ќе ја допишам приказнава

[youtube height=”HEIGHT” width=”WIDTH”]https://www.youtube.com/watch?v=3rS6mZUo3fg&feature=share[/youtube]

Посетено 291 пати (1 денес)