СЈАВЕ

Разбуди ме секогаш
кога не можеш да спиеш.
Ќе ти го подарам сонот.
Ќе го споделиме сонот
да сонуваме заедно.
Ќе ти ги подарам
најубавите работи што ги умеам.
Ќе ти ги отпеам најубавите мелодии.
Ќе ги одиграм за тебе највеселите претстави.
Ќе се поклонувам пред тебе и твојата љубов.
Ќе ти ги покажам
најнежните милувања.
Затоа…
Не оставај ме да спијам
кога ти си будна.
Не сакам да те сонувам
кога си ми толку блиску.

ДСД

Посетено 297 пати (1 денес)

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!