Живејте и оставете не да живееме

[fblike]zivej_majkatiitatkoti
10 начина според кои животот на генерацијата-Y се разликува
од животот на нашите родители
Не сфаќајте ме погрешно. Моите родители ме научија на бесценети нешта во текот на мојот живот со кои се чувствувам богат и еден ден ќе ги пренесам на моето семејство.
Но, што можам јас освен да верувам дека тоа што сум дел од генерацијата- Y ( луѓе родени во 1980тите или во раните 1990ти години) придонесува да го живеам животот според начин на мислење и морални вредности кои се разликуваат од оние на моите родители.
Ова се десет начини по кои се разликува животот на генерацијата- Y од животот на нивните родители.
10. Не гледате на животот како на подвижна лента
Најпрво школување, потоа брак, па бебе… такак некако. Па, нашата генерација е за промени, а вклучени во тие промени се и спонтаноста и прифаќањето на фактот дека некои работи едноставно не се случуваат по редоследот кој го посакуваат нашите родители.
Повеќе не примамува природниот баланс отколку строгиот распоред. Додека нашите родители можеби и се срамат кога имаме пресвртници или хаос во животот, ние сепак многу повеќе го цениме патувањето отколку крајната цел.
9. Не сакате да најдете работа, сакате да ја пронајдете вашата страст
Секој родител сака неговото или нејзиното дете да успее во животот. Но, ние сакаме повеќе одколку само да најдеме работа. Ако ништо друго, нашата генерација живее со иновации како никој до сега.
Одеднаш сите оние луди идеи за кои мислевте дека никогаш нема да се остварат конечно си наоѓаат место во општеството, а луѓето се спремни да ги преминат своите граници за да си ги остварат соновите. Подготвени сме да жртвуваме пари, успех и углед за страст и љубов кон она што го правиме.
8. Никогаш нема да брзате за да стапите во брак
Нашите врски не се дефинираат како обврска за брак. Наместо тоа, тие се засновани на љубов, почит и искреност.
Точно, така не учеа и родителите, но зошто тогаш на сите празници се појавуваат прашањата “Зошто не се жениш сеуште?”, “Зошто сеуште немаме внуци?” Решението е да им одговорите- не да ги игнорирате, бидејќи сите го знаеме одговорот и гласи “Има време”.
7. Трошите бидејќи парите се за трошење
Штедните сметки се одлични, но да робувате на 20 години и да го ставате настрана вашиот џепарлак не е. Каде е тогаш забавата? Само поради тоа што старееме не значи дека не можеме да уживаме во нашиот свет. Ако сега не можеме да го живееме животот, тогаш кога ќе можеме?
Нашите родители и родителите на нашите родители велат- штедете ги парите, трошете ги мудро и зачувајте за црни денови. Погодете што? Сите денови ќе ви бидат црни ако не престанете да сте циција и да проживеете малку.
Постои разлика помеѓу паметно трошење на парите и воопшто не трошење на парите. Дозволете животот да ви биде приказна од искуства, а не уредно спакувани тековни сметки.
6. Патувате сами, за себе, секој ден од годината
Зошто? Бидејќи можете, бидејќи сакате и бидејќи животот во сегашноста е подобар од оној во иднината. Вие сте еден од оние луѓе кои ги пакуваат куферите и одат на еднонеделен престој во Индиски ашрам, на другата страна од светот само затоа што некој ве изнервирал тој ден и едноставно сте морале да побегнете некаде.
5. Немате план и ви се допаѓа тоа
Ова можеби е една од работите која најмногу ги лути родителите кога станува збор за разговор помеѓу родител и дете. “Немам план.” За повеќето од нас самото тоа што веќе сме стигнале до среда е успех. Се што е повеќе е надвор од сценариото.
Нема ништо погрешно во тоа да немате план или да не знаете што правите. Па тоа и е вашиот план- Не сакаме план.
4. Ги поздравувате моменталните одлуки
Припадниците на нашата генерација размислуваат многу брзо. Не дека не сме свасни за последиците од нашите дејствувања, туку не сакаме да ни избегаат моментите додека ние детално ги анализираме.
Можеби ќе ви биде жал за тетоважата после неколку години, но ние ќе се држиме до нашите ставови, жал- не постои такво нешто.
3. Пронаоѓањето на себе ќе го цените повеќе од било што друго
Не е важно што посакуваат вашите родители или општеството за вас, важни сте вие. Понекогаш е потребно време за да го пронајдете одговорот, но кога ќе го пронајдете ништо друго нема да ви е важно.
2. Ќе го пронајдете својот глас и храброст да застанете за своите размислувања
Создадовме генерација во која се почитуваат мислењата и се охрабруваат погледите. Промовираме еднаквост и можности и заедно се бориме против обесправувањето.
1. Го живеете животот знаејќи дека сте дел од нешто големо
Универзумот, божеството, големата шема на нештата… наречете го како сакате. Го прифаќате менталитетот дека не сме ништо ако не се приклучиме на некој поголем план.
Посетено 4.092 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!