ЖЕНСКА ТРКА 2014

Print
Скопје, 6 април 2014, 10.30 часот

Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, како дел од промотивните трки на Виз Ер Скопски маратон 2014, ќе се одржи 2-та женска трка со една единствена цел: Превенцијата од заболувањата започнете ја со вежбање. Со оглед на фактот дека жените имаат многу повеќе обврски, а се помалку време за себе, време за вежбање, ризикот за заболувања е се поголем. Овој непобитен факт ние сакаме да го смениме. Почнувајќи сега и тука.
Трките од овој карактер постојот насекаде во светот со иста цел подигајќи ја свеста на жените дека не е доцна да почнеме со активност.

Пропозиции за Женска трка:
Дата на одржување: 6.04.2014 – недела
Место: – Градски парк – кај Школка
Почеток: 10.30- Аеробик
Старт: 11.00 – Трчање на 1.000 метри (1 круг во парк)
Пријавување: кликни тука
Право на учество: Припаднички на женски пол од сите возрасти
Рок за пријавување: најдоцна до 3 април
Котизација: 100 ден. Секоја учесничка ќе добие стартен број. Трката има ревијален карактер, обезбедените награди ќе се поделат со извлекување на среќни броеви.
Подигање на стартни броеви: на 4 (од 10-18 часот) и 5 (од 10 до 13 часот) април во Сојуз на спортови на Скопје.
Патеката ќе биде означена и обележена со конуси и траки. Долж патеката ќе има поставено волонтери.

Целата активност ќе се одвива во 2 дела:
1. 10.30 – Аеробик вежби за загревање, кои ќе ги водат инструктори – аниматори со искуство во оваа област. Вежбите ќе бидат со низок интензитет, лесни и прилагодливи на сите возрасти. Позитивните стимулации се пресудни за расположението кое ќе ги мотивира жените да продолжат со вежбање преку целата година.
2. 11.00 – Трка на 1.000 метри. По завршувањето со аеробик вежбите, натпреварувачките ќе се повикаат на стартната линија, каде ќе им се објасни патеката. Трката ќе заврши за 10 – 15 минути

По завршување на трката ќе биде организирана лотарија за сите учеснички во трката. Ќе се доделуваат награди од нашите спонзори.

Поради општ интерес, напрен е класичен КОПИ-ПЕИСТ од Скопски Маратон

 

Посетено 169 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!