Зошто Југото е најдобрата кола на светот


Во ниедна друга кола не можеш да ја спакуваш жена ти, две деца и крмак, и сите да имате доволно место за да не се скарате, но и опуштите.

Можеш да му го отсечеш покривот и да имаш кабриолет за 500 евра.

Воланот има позитивно влијание врз развојот на мускулите на рацете, рамената и вратот.

Мало е, ама се чувствуваш како да си дома – се влегува само преку една врата, на совозачкото му е откината кваката.

Ако не го паркираш добро, само го буташ со рака до каде треба.

Нема дилема околу боите. ЦРВЕНО.

jugo2

Кај се видело со BMW да се оди на слава во село.

Ако заборавиш каде си го паркирал, само седнуваш во првото југо што ќе го видиш – секој клуч е ист, а сопственикот нема да се лути.

Појасот целосно те фиксира за седиштето, што во случај на удар, веројатно ќе излеташ заедно со седиштето, што ќе ти ги зголеми шансите за преживување при атерирање.

Брус Вилис извика „јипикаје“, седна во Југо и ги уби терористите. Толку.

Никогаш не било, и никогаш нема да биде цајканска кола.

Кога е валкано изгледа некако поубаво и позаводливо, па треба да го миеш само на дожд.

Кога е*еш во Југо си е*ач, кога е*еш во Мерцедес, си оженет.

Ако ти го украдат затоа што не си го заклучил, можеш и ти да му го украдеш на некој што исто така не го заклучил.

Можеш да го замениш за шише зејтин КОГА САКАШ.

Има ли нешто покул од тоа телефонот да ти е поскап од колата?

Ниеден семеен албум не е целосен без слика со Југо.

Затоа што има повеќе резервни делови отколку основни.

Посетено 5.864 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!