ANDY WARHOL

Вечерав купечки гулаш и ми текна,
што има да ја фрлам конзервата
ќе му ја пратам на Andy Warhol
Па он собира конзерви и од нив прави уметнички дела
И така , ја спакаував, му ја пратив…
После некое време ми стига писмо

gulasot na andy

Dear mr. Zoran
Фала за конзервата, таков пис оф арт
во индустрискиот дизајн сеуште не сум сретнал
и со задоволство го употребив во моето
ново дело „супите Кемпбел и црвениот гулаш“
За жал делото ми го украде еден
афро-американец со виткана коса
и висок 1.82
кај и да е ќе го фатат..па колку црнци
може да има со тој опис кај нас?
Додека не се пронајде еве ти копија на слика
па ако не ти е тешко прашај по другарите
да не има заинтересиран некој да ја купи
Знаеш многу се испотрошив за Валентајн
па секоја паричка ми е добредојдена

Поздрав, Енди

Посетено 366 пати