Зимска хидрофобија


Во зимски услови, стравот од вода или по нашки хидрофобија🤩 го детерминираат мајките – ’’не се бањај ќе се разболиш’’! И така децата од мали учат дека треба да смрдат кога ќе пораснат. Смрдеата во зимскиот период достигнува величествени размери. Имаш долна маица, блуза, уште една блуза, џемперче и јакнуле. Сите смрдат на свој начин. Џемперчето најмногу – тро на запршка, тро на манџичка, тро на киселко, тро на ужегнато смоки и тро појќе на мишка отровњача. Косичето е посебна приказна. Мајките им кажале дека се мие еднаш неделно, по можност во сабота, во недела се седи дома – за да не настинеш! И во понеделник шибаш у школо со мрсен корен, перут и разни пубертетски хормонски излачувања……………

Персоната – сопственик на смрдеата нема идеја дека е опасна по живот за заедницата.🙈

Сите дополнувања, сугестии и забелешки се добредојдени🥰.

Посетено 230 пати