Зимница

Webp.net-resizeimage

Црвени ајвари
Зелени корнишони
Букет хемороиди
У ентеше шпиони
Кисела зелка
Благи пченици
Легни си глупчо
Не јади трици
Ракијата лизга
Пинџуро луте
Сролај сарми
Не глуми путе
Казано свете
Вријат комињи
Поврнан теписон
Направивме се свињи
Ориз тава
Со малку птичји грип
За мене една шфајцована
Порачај од Штип
Греано вино
Рум и чај
Гледат ме сите попреко
Ај донт ноу уај
Зимски гуми
Плетени калци
Зборат скопски
Сите провонцијалци
Чорапи со оцед
Дрвцата ситни
Кумбето и жената
Другите не са битни
Сутлијаш со цимет
Топам свинска маст
Џабе какаме у туте
Вмро на власт
В’нено елече
Сметки за парно
Здроби карфиол
Ич не ми е арно
Гаргара сабајле
Гајба од јајца
Камин и кратошија
Апартман за двајца
Празни се теглите
Изми ги капачките
Наредното зимо
Ќе фрлеме копачките
Кирил Стоименов – вЛавина

595х90 px-01

(Посетено 163 пати, 1 денес)

Поврзани Статии

Оставете одговор

*