595х90 px-01

Ветрушка


Беше како ветрушка со невидлив конец
закачена за мене
и додека ти среќна леташе
мене ми беше убаво да те гледам таква
нежна и насмеана
Од време на време го влечев конецот
да те доближам до мене
и да те заштитам од силниот ветер
Ама ете, конецот не издржа,се скина
и едвај поглед ми прати
пред да те понесат ветриштата
Те гледав како те снемува,
стануваше
се’ помала и помала
и џабе пробував да те дофатам,
се изгуби некаде во облакот од луѓе
Посетено 221 пати (1 денес)

595х90 px-01