Утринско кафе со Ивана Торес

Добро утро, јас сум Ивана Торес и еве да ве поздравам сите вас кои ме следевте во текот на мојот последен проект, во кој го заобиколивме светот на мотор за 4 години. Кога заврши ова патување многу луѓе ме прашуваа што ќе биде следно … и еве дојде време да ја претставам мојата следна авантура.

Во последниве неколку месеци бевме во процес на трансформирање на класично комби 4×4 – 30 години старо, во совршено возило за да стигне до најоддалечените места на планетата. Се ближи денот кога ќе го започнеме и ова патување и за почеток како прва фаза избравме, од Арктикот до Антарктикот.

Има само мали детаљи да се завршат пред да го испратиме комбето во Њујорк и да се врати магијата на нашите патувања, и пред да заминам морам да ги отстранам штрафовите од ногата, кои ми беа ставени во несреќата што се случи со моторот во Чиле. Всушност сега ви пишувам од болничкиот кревет. Утринското кафе воопшто не е ни испиено(не смеам ни вода, а не па кафе, кое навистина би ми годело во овој момент), бидејќи  докторите не дозволуваат, а јас за неколку часа ќе бидам во операциона сала 🙂 Нашиот следен проект ќе вклучи многу активности на отворено, велосипедизам, планинарење, пешачење… па затоа не треба само комбето да биде во најдобра кондиција, туку и ние.

Веднаш штом ќе се опоравам, за неколку недели, тргаме и пред нас имаме околу 20 земји од Арктичката тундра, до највисоките планини Андите, преку пустини како Гуахира, Атакама или Долината на смртта . Се разбира, повеќето неверојатни национални паркови во САД, Патагонија, Амазона и Салар де Ујуни. Пат полн со предизвици додека не стигнеме до единствениот континент што не сме го посетиле до сега, Антарктик.

Се надевам дека следбениците од Македонија ќе продолжат да бидат со нас за да не поддржуваат преку социјалните мрежи што секогаш ми е од големо значење, исто така, и од моја страна ќе ми биде големо задоволство да продолжам да ги споделувам нашите искуства, овој пат преку нашиот нов веб-сајт, каде што пишуваме блог, кој ќе биде богат со изненадувања: www.aroundgaia.com


Посетете не на социјалните мрежи:
www.instagram.com/aroundgaia
www.facebook.com/aroundgaia

Посетено 2.093 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!