Урбаните легенди по градчињата ни рурални!!!

Нашата мила Македонија има триеспет градови. И у сите тие триеспет градови вртат едни исти приказни, исти урбани митови и легенди.
Содржина: Некоја невероватно спектакуларна ситуација што (проверено) се има случено на ‘едни луѓе’ ама никогаш на вас.
Примери:
  • го нападнале пет нимфоманки
  • завршил у кревет со близнаќињи
  • некоја ужасно секси риба што аутостопира, завршува у кревет со него, утредента се буди и глеа дека ја нема, за три дена дознава дека истата девојка е мртва со години
  • нашол новчаник со 1500 евра
  • вујко му од Канада му оставил 400 шлепера
  • седел у последна клупа, даскалот му рекол ‘Последна клупа, НАДВОР!!!’, ја извадил клупата надвор од училницата
Луѓе, две и седумнаеста е. Дај да смислиме други бајки, нема смисла веќе…

Посетено 979 пати