Трауми од детство: Центрифуга – крици од пеколот

Кога бев средно, дома не переше словенската лепотица меѓу машините за перење – Горење. Ми текнува на една недела, се будам ултра-мамурен, кога дома да ти почнала трета светска војна, Армагедон, Потоп и слични краеви на светот.

gorenje unatre

Одма станува да проверам шо е работата. Слушам дека апокалипсата почнала од купатилото, а таму:
Машината стартувала со центрифуга, беснее како разјарен бик, крши плочки и планира да скокне во кадата. Мајка ми се качила на неа и јава ко каубоец на Родое, татко ми пцува држава и ниски плати поради кои не можел да си приушти нова, комшијата од долниот спрат чука со џоѓер у плафон и колне се по список, брат ми плаче пошто мисли дека не нападнале ванземаљци, баба ми пали кандило до икона и ја рокаат флешови од германски авиони.
Запира. Колективно ја симнуваме мајка ми од збудалениот монстурум. Од еднаш, мртва тишина, рајски мир.
Но, за жал, тоа трае само кратко, еве ги, почнаа и белите. Нова рунда. Да живее неделата!!!
Посетено 667 пати