Тивко ви велам сељаци сте, бе, сељаци!

Колку голема моќ има зборот, кога некому тивко ќе му кажеш те сакам!

 


Многу се зборува за културата.. култура во облекување, во музика, во литература, во политика, во патувања, во изразување, во све..најмалку се зборува за култура во зборување на телефон..
..е, па вака мили мои, тоа што го глумите во јавност, ниту облеката, ниту музиката, ниту политиката, ниту патувањата ништо не може да ве покаже во повистинско светло, како кога зборувате на телефон на јавно место..значи, викањето, речникот и гестикулациите ве карактеризираат во целост..
..што сум бре јас должна да ви ги слушам вашите високи децибели, муабети, караници, бизниси, свекрви, мачиња, ку*чења и извитоперени моменти на возбуда, ако вие го делите со мене, местото на одмор, кино, автобус, кафич, театар, влез, лифт и сите останати места кои се нарекуваат јавни?..сте чуле ли некогаш за приватност како на пример моја или ваша?
..колку голема моќ има зборот, кога некому тивко ќе му кажеш те сакам!
..или јас, во моменотв кога тивко ви велам сељаци сте, бе, сељаци!….

Посетено 4.089 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!