Аудио Стриминг: Водич за почетници – прв дел

Музика од целиот свет на дофат на Вашата рака: Тоа е идејата што стои зад аудио стримингот!

Дигиталното аудио направи комплетна револуција во начинот на кој слушаме музика. Од ЦД-а и Мини-дискови до MP3 и сега стриминг, временските интервали во кои повторно и повторно ги менуваме нашите навики за слушање музика постојано се скратуваат, а сето тоа благодарение на развојот во технологијата.

И покрај фактот што сè уште со должна почит и носталгија размислуваме за добрите музички збирки на ЦД-а или плочи, не може да го премолчиме фактот дека една од најбитните придобивки на дигиталната музика е што овозможува песните да бидат подостапни и полесни за чување и складирање. Кога на тоа ќе се надоврзе и постојаното зголемување на брзините за пристап до Интернет мрежата, како и поефтинувањето на пристапот до Интернет мрежата од фиксната и мобилната телефонија што секако влијае и на квалитетот и количината на музиката што можеме да ја пристапиме, чувството дека се ближи крајот на старите носачи на звук е неминовно.

Стримингот истовремено дозволува да уживаме во илјадници интернет радио станици од целиот свет од кои некои се само дигитални, додека аудио стриминг сервиси како Spotify и BBC iPlayer Rаdio нудат можност за слушање на најразлични содржини.

Една од фирмите кои сериозно пристапи кон развивање на модерни уреди кои овозможуваат аудио стриминг е Cambridge Audio чии уреди овозможуваат да уживаме во благодетите на дигиталната музика без да правиме компромис со квалитетот на звукот. Во овој прилог ќе ви претставиме некои од нивните уреди за оваа намена.

Minx Xi Дигитален музички систем

Најновиот уред од нив, прекрасниот Minx Xi доаѓа во црна или бела варијанта со пијано финиш и е дизајниран да може да репродуцира се што имате во музичката колекција со прецизен и богат звук кој ќе ја исполни вашата просторија.

[youtube height=”HEIGHT” width=”WIDTH”]http://www.youtube.com/watch?v=Sfqw60jISc8[/youtube]

Истовремено опремен со Bluetooth и WiFi можности за стриминг, Minx Xi овозможува да ја слушате омилената музика независно дали користите паметен телефон, таблет, лаптоп, сте поврзани во домашната мрежа или пак сакате да слушате интернет радио.

Сугестија за звучници со овој дигитален музички систем: Aero 2 или SX-60.

Карактеристики на Minx Xi:

  • 24-bit/96kHz Wolfson DAC (дигитален во аналоген конвертер/звучна карта)
  • Wireless 802.11n wi-fi и Bluetooth
  • Class AB засилувач
  • 55W RMS (4 Ohms), 40W RMS (8 Ohms)
  • 3 x USB приклучоци со можност за полнење на вашите мобилни уреди (2 x 500mA, 1 x 2.1A)
  • 20,000+ вградени интернет радио станици
  • поддршка за BBC iPlayer Radio, Pandora и Rhapsody
  • поддршка за следните протоколи: RTSP, MMS, HTTP
  • поддршка за музички листи од типот: ASX, M3U и PLS)
  • поддршка за најразлични аудио формати: MP3, AAC, WMA, Apple Lossless, AIFF, Ogg Vorbis, FLAC, WAV, и.т.н. до 24-bit/96kHz
  • два дигитални влеза: S/PDIF Co-axial, TOSLink Optical
  • три аналогни влеза: 2 x RCA, 1 x 3.5mm
  • контрола преку Stream Magic smartphone/tablet апликацијата или преку вклученото далечинско
  • Subwoofer излез и мрежни конекции
  • Eко-уред со <0.5W потрошувачка во standby режим и вградена опција за автоматско исклучување
Minx Xi
Minx Xi Wireless Streaming

Minx Xi Black Front
Minx Xi Black Front

Minx Xi White Rear
Minx Xi White Rear
Посетено 181 пати (1 денес)

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!