Сезона на ‘пијана кокошка’

Пијана кокошка

Џабе ти е бејби
похована пирошка
кога не си пробала
пијана кокошка

Јадеш прсти пилешки
и носеш дневна влошка
а до сега немаш пробано
пијана кокошка

Џабе ти е шо си била
сто пати у зоолошка
Буташ банички со виршла
уместо пијана кокошка

Комињите боботат
фаза биолошка
у нив си клокоте
поднапиена кокошка

Не ми глуми богомолка
кога си оригинал вошка
ни татко ти нема праено
пијана кокошка

У некој краеви се поздравуват
со ”Дека си братошка”
пошто сто посто мезиле
пијана кокошка

Овоа веќе преминува
у дијагноза патолошка
литро лута шлангарица
и пијана кокошка.

Казаница Комшикова – биохемичар

Посетено 162 пати