Само простатлуци за читање

Попови – отров да му се стори…
Професорки – раката да му се исуши…
Политичари – фамилијата да му се сотре…

Заради таквите сме тука кај што сме. Само простатлуци за читање. Најголемите од оние од кои најмалку очекуваш и кои најмалку треба да бидат некултурни и прости. Пред првиот ќе се крстиш, втората ќе ти држи лекции, третиот ќе ти ја крои судбината. Ама тоа е Македонија. Така ни било пишано. Погрешни луѓе, на погрешни места. Сега, засекогаш и во вечни векови. Поинаку нит било, нит ќе биде.

А животот е многу поубав надвор од Фејсбук… и помирен. Излезете на чист воздух… прочистете си го мозокот. Јас така во последно време. Добро ми дојде деконтаминацијава. Немам веќе нерви за нервирање…и не ви го давам последниот!

Посетено 709 пати