Сакам да бидам машко

Уште додека бев фетус sakam da bidam masko_zoki panker
и се легачев во стомакот на мајка ми
она ме праша дали сакам да се
родам како машко или женско
„сакам да бидам машко“- одлучно одговорив
„а зошто не женско?..ќе си играш со розеви кукли
па ќе имаш пмс, па нема да можеш да мочаш стоечки,
па ќе се омажиш за некој, ако имаш среќа тој нема да те тепа,
па на работа ќе добиваш помала плата
од машките колеги па…“
„доста мамо, ми се свиѓаат девојчиња
и затоа сакам да се родам како машко“
„па биди лезбејка“
„е како не, тоа тек за 30 години
ќе биде модерно, што да правам до тогаш?“
„хмм, во право си… добро, ќе те родам како машко
на 28-ми ноември, одговара?“
„да, фала мамо“
„ама да не пиеш, пушиш
и да не правиш разно-разни глупости….ветуваш?
„ветувам, ќе бидам благајник во клас
и претседател на куќен совет кога ќе пораснам“
Знам дека не ми поверува ама сеедно,
се родив како машко, не се жалам

Посетено 906 пати