„Порнхаб“ се грижи за вашето репродуктивно и сексуално здравје

„Порнхаб“ отвори сексуален велнес центар кој нуди стручни лекарски совети
pornhab-se-grizhi-za-vasheto-reproduktivno-seksualno-zdravje_image[fblike]

 

Најпознатата интернет страница со содржина за возрасни „Порнхаб“, отвори онлајн едукациски центар, со цел да овозможи совети за здрав љубовен и сексуален живот. Центарот се вика „Порнхаб сексуален велнес центар“ (Pornhub Sexual Wellness Center) и ќе ги покрива темите на репродуктивното здравје, сексуално преносливите инфекции, односно болести, како и темите за сексуалност и градење на љубовна врска. Центарот ќе го води психологот Лори Бетито (Laurie Betito), којашто со својот тим на лекари, еднаш неделно ќе одговараат на сите прашања за гореспоменатите теми.
Целта е да се добијат соодветни и точни информации за безбеден секс, онлајн врски, истражување на сексуалноста и сл.
Во нивното промотивно видео, Бетито истакнува дека сакаат да бидат „реални“ со луѓето кога станува збор за меѓучовечките и сексуалните односи. Потпретседателот на „Порнхаб“, Кори Прајс (Corey Price) вели дека компанијата дека на своите 70 милиони посетители дневно, сака да им овозможи точни информации и совети за сексот.
„Ја разбираме важноста од едуцирање на луѓето на многу теми поврзани со сексуално здравје и подигнување на свеста; видовме можност да пренесеме знаење и поддршка од лекари и експерти“ истакнува Кори во својата изјава.

[button color=”#000″ background=”#9bc832″ size=”large” src=”http://pharmanews.mk/”]Многу слични интересни работи на PharmaNEWS.mk[/button]

Посетено 360 пати

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk е портал кој обработува поширока тематика во доменот на медицина, фармација, исхрана и сл. и е наменет за широка публика која се интересира за своето здравје и исхрана со посебен фокус на медицинските работници.