Побуна на бродот Баунти у златни 90-ти, години за забава и праење пари

Викаат добри биле 90-ти. Можда, не се сеќавам…

skopje[fblike]

Коа држев кафичи на времето, у даден период еден од нив работеше ептен турбо…многу народ, многу роба потрошена, се пиеше у екстремно колеми количини(златните 90-ти за забава и праење пари) многу големи промети се праеа така да све си мислиш дека е идеално, замерки “нема”. Ден два нешо ко да смрди па сам си праиш математики, се разбира пазиш персоналот да нема абер пошо од ден у ден како некои пари да фалат.
Едно сабајле у ниедно време на крај, разотидени сите гости ги собирам вработениве на куп и им викам да ги вадат сите пари од шанк, од џебови, од сегде кај шо ги имаат, ајде вадите и роба, флаши пуни празни, дајте листоите со расход(шо сум пиел ја, шо сум частел и шо сте пиеле вие све), задужење-раздужење за таа вечер комплет. Нив малку чудно, ама ете се фаќаме сите за работа и го праиме есапот заеднички.

AlfaLogoBanner1180x90_noeffects

После некои два саата мучење со математики искача дека според пописот на населението што пиело таа вечер у тој локал   20% од бруто прометот се вишак, тој “вишок” на пари се појавува од шанк(конобарите чепкаат али мање више нивното и не е толку страшно), собраните парите сите топтан се пред мене. На прашањето:” од кај сеа искачаат волку многу поише пари неголи што треба да има?!” сите што работеа на шанк ко у исти глас да викнаа: “па тоа се наши пари” и бараат да им ги вратам тие “вишак” пари назад за да си ги поделат меѓу себе!
На мојот одговор: “тоа не се ваши пари, тоа се мои пари, а тоа значи дека сите вие заедно, кој помалку кој поише сте украле вечерва од мене” и пак сите заедно овој пат придружени од СОЛИДАРНИТЕ конобари ко да викнаа у исти глас: “епа од утре ние веќе не работиме кај тебе”.
Бев решен да идам на ризик тоа сабајле, пошто знаеа дека ќе останам без комплетен персонал па затоа и ултимативно колективно даваат отказ сите до еден, точно знаев што да напраам и едноставно им реков:
“НЕ БЕ, НЕ ОД УТРЕ, ВИЕ ОД МОМЕНТОВ ВЕЌЕ НЕ РАБОТИТЕ КАЈ МЕНЕ”
МОЖЕ ДА СЕ БУНТУЕШ КОЛКУ САКАШ АМА АКО СИ ГРЕШЕН КО ЦРН ЃАВОЛ ЌЕ СИ ЛЕТАШ КО ПАРТАЛ И ЏАБЕ ТИ Е СВЕ, А ТЕБЕ НИ КРИВ НИ ДУЖЕН У ЗНАК НА СОЛИДАРНОСТ СО НИВ ЌЕ ТЕ СНАЈДЕ ИСТО.
Вечерта дремам сам ко мисир на толкава тераса, роба спремна, музика спремна, рано за да улетат дури и први гости, а и да влезат шо ќе им праам. Нервозен, седни-стани цело време чекам, чекам па си викам, ако не дојдат, ќе затворам ден-два додека најдам нов персонал. После непун саат, ко шо доаѓаа секоја вечер у исто време, еден по еден се нацртаа и таа вечер ко да не се десило ништо.
Секој без секого може, мада за некои институции е шкакљиво, ама у секој случај пошто не ли има компромис, некои санкции мора да има.

595х90 px-01

Посетено 2.466 пати (1 денес)