Патите ли од „Неделен синдром“?

Можеби прв пат слушате за овој синдром, но сигурно сте го почувствувале во недела попладне

Колку што петокот е ден исполнет со надеж и планови, толку неделата е безнадежна и претставува стрес. За повеќето, неделата како последен ден од викендот е тажна а најчесто досадна.

За оваа состојба на условно кажано, масовно зевање, постои и официјален синдром, наречен „Неделен синдром“.

patite-li-od-nedelen-sindrom_imageОвој синдром претставува акутна состојба која најчесто ги зафаќа вработените (оние со фиксно работно време од понеделник до петок) и студентите. Чувството на анксиозност и стрес пред почетокот на работната седмица, се однесува и на оние што ја сакаат својата работа. Неделниот синдром се појавува недела попладне и навечер и се одразува со благо депресивно расположение, пасивност, зголемена раздразливост, проблеми со спиење, вознемирен стомак и главоболки. Постојат многу начини овој ден да го направите убав и исполнет ден. Клучот е во активноста. Однапред испланирајте забавна активност која ќе ја изведете тој ден. Исто така, многу е важно, дури и за време на викендот да не го менувате биоритамот, односно, обидете се да станувате и легнувате во исто време. Излезете од дома пред да ве обземе неделното чувство на безнадежност и апатија.

[button color=”#000″ background=”#9bc832″ size=”large” src=”http://pharmanews.mk/tag/sindrom/”]Прочитајте повеќе…[/button]

Посетено 242 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!