Опиум на умот

stud_majkatiitatkoti

Лед, во погледот имаш лед, на лицето студ. Не сакам да се скријам од ледот, не сакам да се стоплам, јас го сакам студот, го сече секој дел во мене, се што допира поседува, го заледува, продира во секоја коска, те тера да трепериш како мало пиле во дланка кое бара само трошка.

Чувството да го сакаш студот кој те парализира, од него освен трепет ништо друго нема, чувството да го обожаваш студот е како свесно да земаш опиум, дрога на умот, ја обожаваш, обожаваш да те прави зависен.

Посетено 494 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!