Не мора да пиете и да пушите за да си поминете фино!

Фраер и’ се пушта на убава девојка, која предава веронаука во училиште.

Ја кани на состанок и таа се согласува.
Ја прашал:
• Може да се напиеме нешто?
• Не, благодарам. Ако прифатам покана на пијалок, што ќе им кажам потоа на своите ученици на часот по веронаука?

После долга прошетка по градот и’ понудува цигара, а таа одбива со зборовите:
• Не, благодарам, тоа никако. Што би им кажала на моите ученици по веронаука после такво нешто?
Се враќаат во кола, а на патот кон дома типот здогледува мотелче. Си помислил, ај, нема што да изгубам, па ја прашал:
• Сакаш да поминеме таму?
• Може! – му одговорила.
Изненаден од нејзиното прифаќање, ја прашува:
• Полека, полека, сега дури не ми е јасно … ама, што ќе им кажеш на своите ученици по веронаука?
Таа му одговара ладнокрвно:
• Токму тоа што секогаш им го кажувам: “Не мора да пиете и да пушите за да си поминете фино”!

Посетено 3.253 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!