Дали нашите од дијаспората уште мочаат по лифтови?

Кога го слушнам феноменот ”нашите во дијаспората” одма пред очи ми искача слика од космнаути со амблем ”Вергина” на рамото како у простор со нулта гравитација мезат ракија и шопска и се частат затоа шо откриле некоја нова тајна на мистериозните космички ливади.

Тоа изгледа пошто самиот термин ‘дијаспора’ ме асоцира на некој атмосферски слој како шо се ‘стратосфера’ или ‘тропосфера’.

А, уствари, станува збор за Македонци шо се поголеми Македонци од Македонците шо живеат у Македонија, Македонци со истетовирани трајбали и мотиви од Фалангата, Македонци шо полека си го забрават ленгвиџот ама ќе даат ако треба уште 100 долари за да опстане истиот, и за знамето, и за химната.

За факинг Маседоунија, цела да е, евриуан ту ноус х’р.

Посетено 641 пати