Мрачна мајко Македонска!!!

Единствена книга го што уживам да ја читам одново по стоти пат, книга од која што секоја страна ме фрла во длабок севдах, книга која  го буди комираниот скептик во мене и го тера да урла на светот, книга што ми дала знак на егзистенцијалната крстосница е маестралната психолошка-драма на Меша Селимовиќ – ТВРДИНА.

Да не растегам кори и да скратам…

Читајќи ја, налетав на следниот текст:

mesa-selimovic-citati

“Da li i imena nashih sela govore vishe o nama nego mi sami?  Zloselo, Blatiste, Crni Vir, Paljevina, Glogovac, Gladus, Vukojebine, Vucjak, Vukovije, Vukovsko, Trnjak, Kukavica, Smrdljak, Zmijanje, Jadovica… 
– Eto! Sve cemer, sirotinja, glad, nesreca. A ljudi? Gadno mi je da govorim. A zasto je tako? Ne znam. Mozda zato sto smo po prirodi zli, sto nas je bog obiljezio. “

Оваа етимолошка аналогија ме натера малку виртуелно да проскитам низ нашите прекрасни села и да им ги ѕирнам имињата. Кога таму:

Лешки, Црвена Нива, Суво Грло, Сушево, Бедиње, Бељаковце, Злокуќане, Костурник, Шупљи Камен, Кучкарево, Карабуниште, Водоча, Муртино, Робово, Сушица, Секирник, Гнеотино, Гнилеж, Облаково, Секирани, Тепавци, Црновец, Трн, Подмол, Чумово, Калишта, Варвара, Порој, Железна Река, Чемерско, Пепелиште, Мрзенци, Очипала, Слепче, Болно, Прељубје, Наколец, Штрбово, Куково, Арачиново…

Не сме лоши и ние чичко Меша, воопшто. На крајот од текстот и од денот останува само прашањето: Дали имињата на нашите села говорат за нас повеќе од самите ние?

Посетено 2.334 пати (1 денес)