МАГИЧНИОТ АВТОБУС

„Повелете во МАГИЧНИОТ АВТОБУС“bus
-вика чичкото што стои до една крнтија
што некогаш вероватно била автобус
„Хаха ова е магичен автобус?..па соковникот
што го купив од Телешоп е спејсшатл за ова,
ставаш гранки, грмушки, прљави чорапи и искача сок“
-коментирам и паѓам од смеење
„не дечко, нека не те лаже надворешниот изглед
Повели внатре, сам увери се , влезот е бесплатен
„хмм, добро, ако е бесплатен зошто да не “
-влегувам и седнувам
„И сега?..кај е магијата?“ – прашувам
„Гледаш ѕвезди?“
„Не?“
„Сега ги гледаш?“ – пак ме прашува откако со
една шипка ме акна по глава
„Не, само дупло гледам“- искрено одговарам
„А сега?“- и пак добив уште појак удар
„Не бе, пак гледам дупло ама во црно-бело“
Пак ме звекна по глава
„И?“
„Што и?..пак гледам дупло, пак во црно-бело
ама нешто ми е поматно“
Ми го извади едното око и пак ме мавна со шипката
„Сега ништо не гледам, ми го извади погрешното око,
тоа ми е ќоравото“
„Кај те најдов тебе“- нешто мрчи, ми го враќа тоа
око и ми го вади другото
Пак ме мава, ама најкрвнички до сега,
почна мозокот да ми тече низ уши
„Леле чичко .. не ми се верува, стварно гледам ѕвезди“
-морам да лажам пошто почна да ме боли ова мавањето
„Ете гледаш дека е МАГИЧЕН АВТОБУСОВ“
„Да во право сте биле, како уопште можев да посомневам,
а може сега да си одам?“
„Секако дечко, само треба да ми платиш 100 ден“
„Како 100?, па нели е бесплатно“
„Бесплатен е влезот, а за излез се наплаќа100-ка,
Еве тука пишува“ – ми покажува на едно ливче
закачено над ретровизор
„Да, така е .. него може малку шипката да ја видам,
ми се свиѓа како боли, за жена ми да купам една“
„Еве ти ја, топло ти ја препорачувам“ – и ми ја дава
Одма го акнав по глава
„„гледаш ѕвезди?..а ?.. ги гледаш?“ – му се дерам во уво
„Не , дупло гледам“- низ солзи одговара
„Дупло а, што пишува тука?“-го прашувам
„излез 100 ден“
„Значи не гледаш дупло“ – и пак го мавам
„И што пишува?“
„Излез 200 ден“
„Е така бе ,сега дупло гледаш“ – го погалив по
раскрвавената глава, му земав 200 ден
и го фрлив од автобусот.
Си го вратив другото око на место, се зачешлав
и сега го возам на перење, многу крв има,
а вечер МАГИЧНИОТ АВТОБУС
ќе стои пред Балет , кој сака да се увери во
неговите магични способности може слободно
да ме посети, влезот е БЕСПЛАТЕН

Посетено 508 пати