“Луѓе” без душа

Читам како луѓе се ситат на смртта на младата планинарка Калина, само затоа што била „комуњарка“ или „шарена“ и ми се плаче  Нема ништо од тие грозотилаци да споделувам, грев е, просто не можам, само ќе кажам…

Често маваме по политичарите и нив ги обвинуваме што не живееме убаво, што ни ја растуриле државата, што заради нив немаме држава. Жалам најискрено што постојано забораваме дека постојат и народи кои не заслужуваат да имаат своја држава. Народи кои дури и во смртта гледаат политика и партиска припадност. Прво таа, политиката, па човекот. По тој редослед. За жал, во овој народ, меѓу нас, има многумина кои воопшто не се луѓе, ништо човечко во себе не носат, штетници од кои општеството нема никаква полза, државата најмалку. Не е, не е само до политичарите. И до „луѓето“ е… тие таквите… со генетска грешка… требал да стане човек, а израснал во чудовиште 

Посетено 20.329 пати (1 денес)