Конобарската математика на Заев

Вчера скролајќи наидов на:

Една конобрска математика:

Да земеме средна вредност од 4000 пораки дневно. Да кажеме дека за читање и одговарање на една порака му требаат 20 секунди* (*со таа бистрина, остроумност и интелигенција, чисто сумњам, ама ај ептен да не рушам забава). Тоа значи дека Дабл Зи троши 80.000 секунди (4000х20) дневно на читање и одговарање пораки.

80.000 секунди / 60 = 1333.33 минути. 
1333.33 минути / 60 = 22.2 часа.

Премиерот пробува да не убеди (па уште и се фали) дека дневно поминува цирка 22 часа на чет. Останатите 2 часа во текот на денот ги користи за јадење комбинација на прости јаглехидрати, спиење, бидување со фамилијата, одење на разно разни настани со европското буржоаско лидерство, спремање на референдумот и константен тренинг за правилен изговор на зборот “опшТество”.

Суперхеројот што го имаме, а не го заслужуваме.

Посетено 3.530 пати (1 денес)