Концерт на Македонската филхармонија: Јубилеј-80 години од раѓањето на Маестро Александар Џамбазов

peko-banner
aleksandar-dzambazov-pocetna_majkatiitatkotiГодинашното издание на фестивалот „Денови на македонска музика“ завршува со концерт на Македонската филхармонија, кога на 14 април во Домот на АРМ во 20 часот, ќе се одбележи јубилејот – 80 години од раѓањето на композиторот Александар Џамбазов. Под палката на маестро Саша Николовски-Ѓумар, ќе биде изведен дел од богатиот творечки опус на Џамбазов – „Седум танцови варијации“ за пијано и оркестар, каде како солист ќе се претстави Дино Имери, потоа „Реминисценција“, „Балада за Шпато“, „Marciale Maligano“ и „Југосаунд“. Вториот дел од концертот, пак, вклучува негови вокални композиции, меѓу кои и „Охрид и јас“, „Да нема разделби“, „Галеби бели“, „Само ти“, „Довидување“, „Љубов неверна“, „Детство“, а ќе бидат изведени и потпури од детските хитови на маестро Џамбазов. Гости на концертот се популарните вокални солисти: Наде Талевска, Сашо Гигов – Гиш, Бибa Додева, Александар Тарабунов, Андријана Јаневска.

aco i igor-pocetna_majkatiitatkoti…………………………………………..Водител на настанот е актерот Игор Џамбазов.

Маестро Александар Џамбазов се смета за еден од најистакнатите македонски композитори. Музичкото образование го оформува во Скопје (Нижо музичко и Средно музичко) и во Белград каде што дипломира на Музичката академија во 1960 година. Работниот век, пак, го минува во Македонската радио-телевизија, најнапред како соработник во музичките редакции (1960-1964), а потоа како диригент на Танцовиот оркестар на чие место останува сè до крајот на неговиот работен век. Од оваа позиција неговото име се врзува со втемелувањето на фестивалот на забавни мелодии „Скопје“, а ширината на радиусот на неговиот интерес придонесува да биде основоположник и на најпознатиот фестивал на детска песна во Македонија – „Златно славејче“. Како диригент, Џамбазов извршил мисионерска улога во популаризацијата на музиката за танцов и ревиски оркестар при што особени заслуги има за поттикот што со тоа го дава за овој вид творештво кај голем дел од помладите композитори. Тоа не е пречка да создаде респектибилен творечки опус во кој, освен популарните жанрови, има и дела од класичната музика што му припаѓаат на оркестарското, камерното и хорското творештво. Сево ова било валоризирано и низ многубројните признанија, меѓу кои се и највисоките државни („11 Октомври“ за животно дело, „13 Ноември“ и др.) и стручни награди.
maestro-pocetna_majkatiitatkoti
Творештвото на Александар Џамбазов главно припаѓа на популарните жанрови. Повеќе од 40 години неговите композиции беа неодминлив дел на најпознатите македонски фестивали и фестивалите во поранешна Југославија. Одличната професионална подготовка стекната низ школувањето во Скопје и Белград и природната дарба му овозможија да остави голем број мелодии од кои некои се вбројуваат во евергрините на македонската популарна песна. Можеби и заради фактот што низ нив, некогаш директно, а некогаш како далечен одглас провејува карактерот на нашето музичко поднебје. Особено е значајно неговото творештво на полето на детската песна. Во првите петнаесетина години од постоењето на фестивалот „Златно славејче“ неговиот авторски придонес во програмата овозможи фестивалот да израсне во еден од најбитните фактори во музичкото воспитување и образование на најмладите.
(Посетено 2.736 пати, 1 денес)
Мајка Ти и Татко Ти
Автор
Мајка Ти и Татко Ти

Поврзани Статии

Оставете одговор

*